[Boban_M ]ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА И ФАМОЗНИОТ ММ

Day 1,431, 18:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Ако напраите муабет со било кој од играчите што разбираат така повеќе работи во однос на економскиот модул во играта, прво нешто што ќе ви одговорат е:
- Кој Економски модул?

Во продолжение на текстот секаде каде што ќе го спомнам економскиот модул, не го земајте здраво за готово, туку само како разграничување од останатите модули во играта.

Економскиот модул како и се друго во играта е програмиран така, за да може да го цица златото на секој можен начин и со тоа луѓето да бидат приморани да ги цедат кредитните картички.
Давање компании со 50% попуст, купување на базуки, купување на упола цена чоколатца се се ова начини да се собере златото што го носат играчите.

Се како што старее играта, се поразлична е и структурата на играчите. Свежо злато во економијата се носи на неколку начини: да имате најефтини производи во свет, со бејби бум или со орда мулташи.

Бејби бум во последно време е мисловна именка. Структурата на играчите е таква да сите се веќе опремени со доволно компании за да можат сами да си произведуваат. Еве да земем како пример еден постар играч: си произведува сам се што му е потребно, а златото што го има или го врти на ММ или пак го троши за бустери или тенкање. Тоа злато не останува во економијата.
Супертенкашите купуваат илјадници злато дневно, меѓутоа тоа злато е исто како да го нема бидејќи како доаѓа на профил, така и со тенкање се враќа кај Плато.

Силата на една економија во оваа игрица зависи од бројот на ресурси што ги поседува и тоа можете да го видите ако го споредите односот на плата/тенкови.

Еден Бразил со 10 ресурси има однос 7.2 тенка со една плата, Полска со 10 ресурси 6.2 тенка, а Македонија со 3 ресурси 4.2 тенка со една плата.

Ајде малце да продискутираме и за фамозниот Monetary Market или тако звани ММ.

Ако отворите било која земја во есветот освен Полска и Србија, ќе забележите дека односот злато/домашна валута е околу 1000 па и повеќе.
Во државата ни наша како во РЛ така и тука имаме многу експерти, меѓутоа пред да проанализираме што како, да дадам и кратко објаснување на поновите играчи, што значи фамозното Т 50 или X 50.
Т50 е времето кога ботот откупува производи од пазарот. Еве ви неколку СС за да видите пластично што се случува во рамките на една минута секој саат:

Тенкови:







Храна:







Со ова јас не измислувам топла вода. Сите сме свесни дека ботот откупува на пазар ама никогаш не сме навлегле малку подлабоко za да видиме, колку тоа влијае на нашата економија. Сите знаеме дека Плато штанца денари како улав, ама ова е претеризам што се прави. Погледнете ја оваа анализа што ја напраив пред некој ден:



😮

Ако се земе во предвид дека дневниот приход во државната каса се движи некаде од 110-120к , околу 70 000 мкд се слеваат од ботот на Плато.


Како можеме да се справиме ние со ова?

На долг рок, според мене не можеме НИКАКО. Целта на Плато е да направи се, за да го направи златото толку скапо што ќе можеме да си го дозволиме само со кредитна картичка.

На краток рок, може да се интервенира преку НБРМ со тоа што ќе се откупуваат денари на ММ меѓутоа со нашите залихи од 2400 злато тоа може да трае некоја недела, а можеби и неколку дена.
Втора работа (и морална) е што можеме да направиме е да дадеме предлог до конгресот да го зголемиме ДДВ-то од 5% на 10% и со тоа до некаде да го неутрализираме купувањето на ботот.

И секогаш ќе се најде некој којшто ќе каже: - Епа како бе брат на пример Полска може да се справи, а ние не?

Полска е стара држава којашто располага со огромни резерви на злато. Втора работа е тоа што Полска 100 години има 10/10 ресурси, а со тоа и најефтини производи во светот. Од цел свет препродавачите одат во Полска, оставаат злато за да купат тенкови или храна. Полска може да интервенира со злато на ММ, затоа што тоа може да си го дозволи. На среќа на Пољаците, кај нив Плато само откупува храна и затоа кај нив ДДВ-то на тенкови е 1%, а на храната е 20 % .

Со Плато, никој не искочил на крај па нема ни ние и единствено во моментот што можеме да направиме е само да го успориме процесот и ништо повеќе.

Ќе ги замолам сите играчи коишто ќе имаат некоја дополнителна идеја нека ја напишат во коментар. Ако можеме нешто дополнително да направиме, ќе имаме ќар сите од тоа.


Ве замолувам за еден шаут, со цел што поголем број играчи да се запознаат со реалноста на нашата "економија".

[Boban_M ]ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА И ФАМОЗНИОТ ММ
http://www.erepublik.com/en/article/-boban-m-1-1887159/1/20


Да сте ми живи и здрави сите !!!