Наградна игра, „кој ти дава за џабе??“ xD

Day 1,226, 01:51 Published in North Macedonia USA by MKConqueror

Здраво-живо еМакедонци,



Долго време апстинирав од еМедиумите, поради тоа што бев револтиран како некои тупаци со по 2 реченици ги исфрлаат добрите статии во рок од 5 минути. Ама денеска решив да напишам нешто, да бркам медал... Ќе се вратам во еМедиумите наскоро, се надевам ќе бидете задоволни 🙂



Да се вратиме на главната тема. Од денеска ќе организирам наградна игра во која ќе поделувам по еден Q3 тенк и 15 Q1 храна, како некој еМакедонец би испукал 30Health со оружје кое дава 60 штета. Наградата е минимална, знам, ама ова е само почеток, да видам каков ќе биде одзивот. Колку толку, кој ти дава за џабе???



Наградите ќе се доделуваат секоја вечер околу 22:00 и добитникот ќе се одбира преку random.org. Секој ден ќе истакнувам кој бил добитникот. Секој ден ќе истакнувам ваква статија, во која преку коментар ќе се зачленувате за да си ја пробате среќата. Би можело Sub да ми дадете за да бидете во тек со настаните.



Поздрав. Субовајте за секој случај 😉