Ах бре Македончиња [akconel]

Day 2,480, 06:38 Published in Chile North Macedonia by iPocahontas

Ах бре Македончиња.

НАПОМЕНА: Текстот прикажан подолу нема за цел да ги трола последните претседатели, влади или слично. Текстот има за цел да им покаже и докаже на поранешните (од поодамна) ,,големци'' до кое дереџе падна Македонија заради нивните политики.

Мора да се напомене на почеток зошто одма ќе ја разберете целта погрешно.



Мотивиран од статијата на ПРЦОТ за ереп голд предизвик се решив да пишам една статија со мала е-историја.

Не знам од кај да почна. Ај вака.

Прво сакам да ги поздравам батињата кои на времето ме сметаа за главен демотиватор, песимист и трн им беше во око кога ќе отвореа моја статија поврзана за нашата мила државица. Поздрав до вас и се надевам разбравте дека вистината боли.

Оваа статија нема да биде ништо поразлична од претходните ,,песимистички.''


Гледам кај Србите има пак интересни идеи како да им се помогне на бебињата. Секоја чест. Не дека ние немаме луѓе со добри размислувања како да им се помогне на бебињата имаме и ние доста такви ама друг е кај нас проблемот ќе биде наведнен подолу трпение малце.

Најнова работа кај Србите е преку зезање да им се помогне на бебињта за теретаните уште една работа што кај нас е трн во око особено за ,,големците и искусните играчишта.''

Србите си најдоа забава слично на РЛ глупирањето со кофа вода само во попаметна верзија. Имено се работи за ереп голд предизвик во кој одреден играч предизвикува други да донираат голд на активни бебиња.


Но и ова идеја кај нас некако чкрипи и ќе замре како и сите претходни предлози за помош на бебињата.

Зошто? Затоа што на нашиве може се да им побараш освен голд и пари. НЕ НЕ НЕ никако да не им се бара голд. Во тој предизвик да има опција пр ако донираш даваш 3-4-5 голд, ако не го даваш газот 80% ќе го дадат без размислување само нивното скапоцено богаство да не се чепне.

Кај нас одма ќе почне да се мрчи на неколку точки.

Како знам? Па досега 3 пати сум предлагал на академците и владините големци долготрајни планови за бебињата и сите паднаа пред ,,комисијата.''

Зошто?

Еве ти точките кои беа проблем:

- Што ако профилот е мулти, јаде бан што со голдот?

- Што ако профилот утре биде продаден?

- Што ако не ги почитува наредбите на државата?

- Што ако утре се откаже
?

Додека ние се каравме и расправавме и успеаа сите предлози да ги побијат како ,,некомплетни или неостварливи'' Србите, Турците, Грците, Романците и останатите си бркаа работа и стигнаа до каде што се да си немаат проблем со ресурси, конгрес, пари и останати работи.

Немојте ама ни под разно да ми мешате политичко/воената состојба во е-светот.


Ние си дојдовме до ова дереѓе заради самите нас никој не ни е крив. Секогаш ние мораше да имаме сомнежи, проблеми, расправии околу тој проклет голд ,,да не се трошел залудно.''

Ајде да го побараме тој голд што се чуваше за црни денови.



Не e тука.

Ај можеби е овде.



Не е ни тука...

Каде ви е голдот што го чувавте со месеци, со години и се плашевте да го споделите со играчите? Отиде низ газ за КО со кој се трудевме да обезбедиме вештачки опстанок во Австралија.

Останавме со прстот во уста.

Без пари, без војска, без организација, без конгрес, без територии.

Сега во која мајчина ќе се пикаме? Ќе чекаме happy new year за да се распукаме и да видиме територија...


И за крај прашање до ,,заштитниците од (не)домаќинското трошење на голд'':

Успеавте ли да постигне нешто? И ако успеавте што е тоа?


Фала на внимание.

akconel