БРАВО МАКЕДОНИЈО [akconel]

Day 2,292, 11:42 Published in Chile North Macedonia by iPocahontas

Sorry my Chilean friends. This article will be on Macedonian language.

Поздрав народе мој.

Пред се сакам да ви честитам. Добивме категорија во која сме непобедливи. Сигурно погодувате која е таа категорија: тролање.

Нема ни една држава приближно еднаква на нашето тролање. Кога се работи за тролање сите стануваат на нозе и знаат како треба, а до вчера говореле дека се дво клик и дека не ги интересира многу политиката, дека веруваат во CP-то. Очигледно само тролањето не обединува.

Референдумот е избришан. Мирни ли се вашите душички сега?

Во нашата ни мила држава ништо не се гледа освен лошите работи. До пред само 1 недела нашиот CP беше најдобриот во последните месеци, најактивниот, најпосветениот и се нај нај. А денес? Тој е најлошиот, предавник, расипник и се што е полошо.

Сега ги разбирам играчите кои имаа мандати во кои едноставно ги прележуваа мандатите. И да си активен и да посветуваш РЛ време за играва и да не си активен пак на крајот, твоите, најблиските и луѓето што ги чуствуваш за најдобри, Македончињата ќе те направат подолу од гомно. Секоја ви чест.

И немојте, значи немојте во иднина да си го поставувате прашањето: ,,Зошто е-Македонија нема активен и посветен CP кој ке се залага за подобра Македонија, зошто никој не не сака во сојуз.’’

Ке ви го дадам одговорот. Затоа што никој не е будала да троши РЛ време, да се замара и расправа со секакви ситуации за на крај да биде оцрнет. Ниту една земја во е-светот несака да има сојузник кој не знае да се контролира, да биде обединет.

Само вие продолжете вака. Успевате да ги избркате сите кои се обидуваат да направат нешто. Браво.

Едноставно некои личности не разбираат што значи приоритет на сојузот. Тоа е. Жалната црна судбина на нашата државичка.

Само не знам зошто ниту една друга земја не се побуни на тој приоритет само нашите се побунија. Хмм.

Останете ми поздравени, и пред се бидете сплотени. (тролачи)

Само на тој начин ,,ке успеете да постигнете нешто во играта за нашата држава.’’

Среќно на тој пат. ,,Сигурно ќе успеете.’’

akconel