Мистерии во Македонија ! [Aexil Kong PRO]

Day 1,758, 02:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Aexil Kong PRO

Легенди за слонот во Прилеп

Дека природата ваја исклучителни дела доказ е атрактивната карпа на слонова глава, создадена од две природно споени карпи во археолошкиот комплекс Маркови кули. Познатиот истражувач Роберт Рипли го претставил како мало чудо на природата.
Камениот слон, кој на некои им личел и на штрк, е висок околу осум метри и поставен на карпест постамент во подножјето на кулите. Од слонот, Прилеп се гледа како на дланка. Тоа упатува на можноста дека жителите од древните населби Варош и Маркови кули биле активно вклучени во духовниот и материјален живот врзан за слонот. Заедно со околните гробови во карпестите површини, може да се заклучи дека тој простор и слонот биле култно место за повеќе ритуали. На повисокиот дел од карпата се препознава издлабена камара во која се' уште се видливи остатоци од фрескоживопис. За жал, не може да се открие кој е светецот на фреската, бидејќи е сериозно оштетена.
Луѓе што имале направено лоши дела доаѓале до слонот, во камарите секогаш полни со вода на миење раце и лице за да се исчистат. Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Штири жени се вртеле околу слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота за да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад.
Сочувана е приказната од некој варошки бербер со прекар Богомилецот дека околината на слонот била вртилиште на богомилите, бидејќи во Варош било развиено богомилството. Затоа, населбата Варош потоа прераснала во христијански центар со 77 храмови. Богомилецот дури го споменувал и присуството на дедо Богомил на простори околу слонот.
Легенда оди дотаму што зборува дека Ханибал ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон по освојувањата на Рим.


Еве за Скопјани малце...

-Интересна приказна за една куќа во близина на Соборна Црква. Куќата била на некој Евреин, ама во Втора Светска Војна ги собрале и испратиле во логор... Никогаш не се вратиле назад!
И после војната сите што ја купувале или полудувале или правеле самоубиство. Сега моментално куќата е празна, има сопственици ама не живеат во нејзе.


Еве нешто за Тиквешко Езеро...

На прекрасното Тиквешко езеро се наогаат ,,чуда,, од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци со се луѓе. И нормално ќе си речете во рибарска приказна кој верува.Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит. Не постојат такви кранови кои би можеле да ги извададат и ако успеа да се извади еден кој беше со големина на чамец. И истиот беше поставен на плоштадот во Скопје. Бидејќи сомовите се мрзливи суштества кои само за да се прехранат излагаат на површината ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.Можеби ако сте на ова езеро еден ден ке видите еден ваков сом кој сигурно би ви го одземал здивот. За разлика од Неси овие сомови навистина постојат и туристите со повеќе среќа можат навистина да видат едно вакво чудно животно.


Планината Кожув...

Планината Кожув е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на "неутрино", честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето.
Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка.


СЕ НАДЕВАМ СЛУШНАВТЕ НЕШТО НЕВООБИЧАЕНО ЗА МИСТЕРИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА


Многу ќе ви бидам благодарен ако ми ставите еден СУВ