Интервју со AdMiRaL TrEnCh, добитникот на наградата од МТО

Day 1,328, 19:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Kris.S



Kris.S : Твоето име, возраст (доколку сакаш да ни откриеш), и eRep ник?
AdMiRaL TrEnCh :Моите другари и другарки ме викаат Мето имам 18 години ке бидам 4-та година средно во правно училиште а на ерепублик сум AdMiRaL TrEnCh.

Kris.S : Кога и зошто почна да ја играш играва?
AdMiRaL TrEnCh : На почетокот мислев дека играва е досадна и дека нема ништо интересно во неа но сепак по подолго време убедување од страна на Seleuk Nikator почнав да ја играм на 18-ти мај и најинтересно во играва ми беше тоа што е стратегија и многу сакам да играм стратегии особено во они во кои ке можеш да го правиш или работиш она што навистина го сакаш и што ти оди.

Kris.S : Како си задоволен од се што се случува во неа?
AdMiRaL TrEnCh : Искрено не сум задоволен од моменталната состојба во играва и верувам дека многу би се соогласиле со мене за промените кои настанаа а највеке не сум задоволен од тоа што се случува во нашата земја бидејки постојано тапкаме во место и дозволуваме поединци да ни наштетат во најразлични области во играва!

Kris.S : Што мислиш, зошто баш ти беше избран за наградата на МТО?
AdMiRaL TrEnCh : На ова прашање не би можел да ви одговорам зошто самата единица си има свои правила односно принципи врз кои одлучува кој ке ја добие наградата.

Kris.S : Дали ти се допадна наградата?
AdMiRaL TrEnCh : Дааа! Многу ми се допадна и благодарам до целата единица о7!

Kris.S : Дали си задоволен од забавата, дали би присуствувал пак, и како си помина?
AdMiRaL TrEnCh : Да,убаво си поминав на забавата иако неможев да останам до крај од оправдани причини и би присуствувал пак само доколку има повеке девојки!

Kris.S : Што ти остави најголем впечаток вечерта?
AdMiRaL TrEnCh : Најголем впечаток ми остави тоа дека различни генерации ја играат играва и дека имаше играчи од различни градови не само од Скопје.

Kris.S : Мислење за претседателот, кој воедно и ти ја врачи наградата? 🙂
AdMiRaL TrEnCh : Па искрено сеа за сеа не би можел ништо да кажам се додека не се покаже како вистински лидер за нашата татковина о7!

Kris.S : Нешто за крај?
AdMiRaL TrEnCh : За на крај би сакал да ти се заблагодарам што одвои време за да направиме едно кратко интервју о7 исто така би сакал да му се заблагодарам на Seleuk Nikator и нa Cold Bloded Killer кои ми помогнаа кога највише ми требаше помош за да можам да стигнам до кај што сум денес о7
Голем поздрав до сите единици во Македонија и сите цивили останете ми со здравје о7

Фала и за твоето време, а наградата ти беше доделена токму тебе, поради фактот што беше еден од пријавените со најмалку сила, и плус си цивил и сакавме на некој начин да те мотивираме да продожиш и во иднина да напредуваш... o/


Тоа беше краткото интервју..
Останете ми среќни, радосни и секако... САКАЈТЕ СЕ!!!!

Вашата,
Kris.S