Претседателска кандидатура [A r a g o r n]

Day 1,560, 09:54 Published in North Macedonia North Macedonia by A r a g o r n

HAIL MACEDONIANS !!!

еРепублик е многу специфична игра. Нема некоја специјално одредена таргет група на играчи. Ја играат буквално играчи од 10 до 70 години. Некои се националисти, некои радикалисти, некои пацифисти, некои се задоволуваат со просечност, ... и.т.н.

Затоа е тешко да се задоволат сите желби и вкусови.

Сепак A r a g o r n реши да се кандидира на овие претседателски избри. На некој му е важно и ќе го интересира колку е возрасен идниот претседател на еМакедонија во RL па само за нив, а во стилот на некои nick-ови ќе направам вака A r a g o r n1981 😉

Месецот пред нас е месец без конгрес и без можност за прилив на пари од даноците, но затоа се направи многу добар чекор со тоа што се намалија даноците за храна и оружје. Тоа ќе допринесе до пониски цени на производите и поголема куповна моќ на еГраѓаните. Со моменталните пари (мкд) кои се наоѓаат во Народната Банка, може да се купат околу 21000 Q6 тенкови. Затоа ќе мора да се воведе ефективен рефунд систем кој ќе ги задоволи и воените единици, но и да не се троши залудно. Рефунд системот ќе се договори на заеднички состанок со командантите на единиците. Сепак да не се залажуваме ... овој месец ќе мора да се стегне ременот.

Во врска со воената стратегија имам 2 идеи. Првата е повеќе поврзана со заедничките интереси на целиот сојуз, а втората е дирекно поврзана со можноста за повеќе ресурси. Реалната состојба помеќу ОНЕ и ЕДЕН е катастрофа за ОНЕ и мора да се направи нешто во врска со тоа. ЕДЕН се понашаат како хиени. Кога и да помисли некоја ОНЕ земја да се заврти на една страна за да нападне, одма најмалку други 2 хиени (ЕДЕН земји) касаат по задник на ОНЕ напаѓачот.
Прво нешто што ќе го ставам како предлог на ОНЕ состанок е можноста сите ОНЕ земји да се согласат и прифатат да се организира протерување на Хрватска од Мексико, отсекување на ресурсите на Турција, Кина, Грција и тоа по цена и да бидеме сите избришани. Да започнеме се одново. Ако успееме да ја избркаме Хрватска од Мексико, знаете ли кога пак ќе се вратат таму ... НИКОГАШ. Затоа тоа го сметам за голем успех кој мора да го оствариме. Ако не се најде заеднички јазик за овој мој предлог тогаш идеме на предлогот 2 кој подразбира 8/10 ресурси за нас.
За реализирање на овој план ќе мора да се искористи многу напорна дипломатија и се разбира брутални напади на еден не толку далечен наш сосед кој во еден наврат успеа да ни избега, но нема да го откријам сега 😉

Тимот кој ќе ги реализира овие планови ќе се објави накнадно, но уште од сега е сигурно дека ќе биде составен од играчи кои се активни и ги разбираат механизмите на играта без разлика дали некогаш сме имале конфликт со нив или не. Нема да набројувам само познати играчи кои ќе ми служат само како декор за да добијам повеќе гласови.
Пристап до парите од Народната Банка ќе имаат единствено јас, bobi83 и Mudash во кои имам безрезервна доверба.

За крај сакам да ви ветам дека никогаш нема да избувнам или навредам некој без разлика колку и да се трудат некои да го постигнат тоа од едноставна причина што играта ја разбирам како игра.