Поход на САД или 9/10 ресурси .!.4а4арА.!.

Day 1,775, 04:09 Published in North Macedonia North Macedonia by 4a4arA

Статија пишувам ептен кога сметам дека е нај неопходно, како сега, иако знам дека за 2-3 саата ке ми биде избришата бидејки плато ке најде некаков фламинг или вулгаризам во неа..

Да преминам на главното. Веќе 2 недели ужиуваме во 10/10 ресурси АМА се решивме да продолжиме понатаму и да го нападнеме САД. Откако и Полска застана на нивна страна битките почнавме да ги добиваме потешко т.е да ги губиме. Што сакам да кажам? Сакам да кажам дека е скоро невозможно или 99% да ги бранеме 10/10 ресурси а паралелно да го освоиме и САД!

Да напоменам СИТУАЦИЈАТА Е УШТЕ ПОНЕИЗВЕСНА БИДЕЈКИ САД И ФРАНЦИЈА НЕМААТ МПП А СО ТОА ИМАТ МОЖНОСТ ЗА НИВНО МЕЃУСЕБНО "НЕ" И СО ТОА ВРАЌАЊЕ НА ГРАНИЦАТА САД-МАКЕДОНИЈА И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МОМЕНТАЛНАТА СИТУАЦИЈА!

Имам 2 плана кој што сакале или не, порано или покасно секако ке се случат.

1. Статичен план
Бранење на 9/10 ресурси и губење на граница со САД, со тоа престанок на војната, седење у место со одлични 9/10(без гума, бидејки Акуитаине граничи со САД) и помагање на "пријателите" бидејки немаме сојузници сега.



Црно означените региони ги губиме засекогаш, а црвените само привремено за поставување на тампон зона во случај да САД ја нападне Франција и да дојде до наша граница. Единствено ке треба да се погрижиме Corsica и Province Alpes Azur да станат француски откако САД ке ја освои цела Франција(сето ова е хипотетички но целата сегашна ситуација води да се случи токму ова), потоа објавување на НЕ врз Италија, враќање на четирите изгубени региони и уживање на 9/10 до без крај..

ИЛИ

2. Динамичен план
Целосно фокусирање кон САД! Доколку се одлучиме кој овој чекор ке треба да ги жртвуваме сегашните 10/10 да паднеме до некои 6-7/10 ресурси(албанските 3 ресурси се секогаш тука) со тоа да се намеле бројот на дневни востанија на 1-2 и целата штета да се насочува кој САД. Походот кон САД не е нималку лесен, тоа е држава со +50 региони, ќе ни требаат точно 2 месеци за освојување доколку ги добиваме 90% од Американските битки!

Напагаме прво во North Carolina, после според картата ги освојуваме следните 4 региона и ги сечеме од сите ресурси бидејки Florida им е главен град. Мора да напоменам дека битките за овие 4 региони(како нападите така и востанијата) ке бидат најсилни бидејки ги бранат сите ресурси!

Постое и уште една опција, напад на Полска, но тука мора да почекаме бидејки таквата ситуација е уште посложена..да не должам, најдобро е да почекаме..


..4a4arA
о7

EDIT: името од [4a4aрA] е сменето во .!.4а4арА.!. по барање на Manolo M бидејки така било ногу селско и јас сум мислел дека сум фаца... :/