[ТОП 5]Владата на Македонија ќе ја поддржи еМакедонија !!!

Day 1,220, 15:38 Published in North Macedonia North Macedonia by thedragon

Ова ќе биде еден од моите најкратки статии во која ќе ви соопштам една многу радосна вест !!!

Денеска ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина во Тетово на која бев и јас присутен и како што знаете на трибината се поставуваат прашање, и јас цело време се мислев што да поставам прашање и ми текна да ги прашам дали можат да ни помогнат околу еРепублик.

И цело време се препотував и собирав храброст да истапам и да поставам вакво прашање на трибината и тачно пред крајот на трибината истапив и го поставив ова прашање, но во себе си мислев дека сега сигурно овие ќе немаат појма за што се работи , но тука грешите некои од членовите на Владата ја играат оваа игра верувале или не (затоа пазитесе што ќе зборувате).

И повратен одговор добив од Министерор за Информатички Технологии кој ми изјави дека ќе се подруди да ни помогне на најголем можен начин од негова страна и од страна на владата со поставување на реклами и сл.

Исто така добив и одговор од подпредседателот на владата дека ако е можно ќе ни помогнат и финансиски.

Тоа беше се што сакав да ви го кажам 😃

П.С Ќе ве замолам да нема препукување во коментарите во однос на РЛ политичкиве партии.
Со Почит :