Постојат 5 работи кои не можат да се вратат

Day 1,196, 17:20 Published in North Macedonia North Macedonia by aquaMKD

Здраво еМакедонио!!!
Оваа е моја прва статија и искрено се надевам дека нема да ве разочарам, ни вас а ни самиот себе. Ке се трудам да пишувам разумни и интересни статии со цел да ви го исполнам и разубавам времето поминато на еRepublik.
За почеток еве ви една интересна и поучна приказна :

Некоја девојка чекала воз на железничка станица. Бидејки требала да чека многу долго, одлучила да купи списание. Со списанието купила и една кутија колачиња. Седнала на една клупа далеку од останатите, за да не ја вознемируваат. Покрај неа, на клупата, стоела кутија со колачињата, а од спротивна страна седнал господин за да чита весник. Кога почнала да зема од колачињата и господинот зел едно. Таа се шокирала, но ништо не му рекла и продолжила да си го чита списанието.
Во себе си помислила: " Да имав повеке храброст, до сега би требало да го удрам! " И секој пат кога таа земала колаче, човекот покрај неа, исто така земал по едно. Продолжиле така се додека не останало само едно колаче во кутијата и девојката си помислила : "Баш ме интересира што ке направи сега! " Човекот го зел последното колаче и го поделил на два дела. " Ова е навистина премногу! " пимислила девојката. Шокирана си ги зела своите работи, списанието, чантата и станала од клупата. Откако и поминала лутината, седнала на друга клупа, го затворила списанието и ја отворила чантата за да го стави внатре. Во тој момент ја здогледала кутијата со колачиња, сеуште не допрена и неотворена. Почуствувала срам, божем е крадец и дури тогаш сватила дека колачињата, исти како нејзините, биле на господинот кој седел покрај неа... кој без шокирање, нервоза или препотентност го поделил и последното колаче, сосема спротивно од неа, на која и беа повредени суетата и гордоста.

Колку пати во нашиот живот сме изеле или ке изедеме туѓи колачиња а тоа никогаш не сме го, или никогаш не ке го дознаеме?
Пред да дојдеме до брз заклучок и пред да почнеме да мислиме лошо, да ги гледаме деталите со внимание. Честопати, ситуацијата не е таква како што ни се чини на прв поглед.
Во животот постојат 5 работи кое не можат да се вратат :

1. Фрлениот камен ;
2. Изговорениот збор ;
3. Изгубената можност ;
4. Изминатото време ;
5. И љубовта за која не се бориш!


Се надевам дека побудив интерес кај вас со прикаската за да станете мои читатели. (v+s)

pozz od aquaMKD