Статистика - конгрес, 25 мај, 2011

Day 1,283, 05:46 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD









Поздрав Македонијо. Пред вас е уште едно издание на Статистика за конгрес кое го правам секој месец со цел подобар увид за тоа како партиите напредувале, зошто и како.





Конгресмени, мај 2011:

Македонски Национален Фронт - 15 конгресмени
Обединета еМакедонија - 14 конгресмени
М.О.С. - 6 конгресмени
Македонска Партија - 3 конгресмени
МРДЉС - 2 конгресмена

Тоа прикажано на слика би изгледало вака:


десен клик, view image

Ова значи дека опозицијата, да ве потсетам дека претходниот месец имаше 1/2 од конгресот или 50% од сите конгресмени. Сега ситуацијата е ваква: опозицијата има 23 конгресмени наспроти најголемата партија во светот - Обединета еМакедонија која има 14 конгресмени. Македонски Национален Фронт на овие избори има најмногу конгресмени - дури 15. Ова се должи на добрата анганжираност на сите во партијата. Партијата М.О.С. на Механџијски зема 6 конгресмени, што е за поздравување. Македонска Партија и МРДЉС земаа 5 конгресмени - 3 конгресмени МП и 2 конгресмени МРДЉС.





Гласови во конгресот


Значи на овие избори партиите во Македонија добија гласови:

Обединета Македонија - 2006 важечки гласови | 131 непотребни гласа
Македонски Национален Фронт - 693 важечки гласови | 83 непотребни гласа
М.О.С. - 306 важечки гласови | 47 непотребни гласа
Македонска Партија - 79 важечки гласови | 216 непотребни гласа
МРДЉС - 204 важечки гласови | 18 непотребни гласа



Споредба во број на конгресмени - ОеМ - МНФ





Споредба февруари, март, април и мај конгресменски избори

Важечки гласови за конгресмени:

десен клик, view image





Заклучок

ОеМ е во најлошите денови од кога се создаде партијата. Се повеќе и повеќе се потенцира дека повеќепартискиот систем функционира во Македонија. Од 20 конгресмени кои ги имаа во конгресот, сега имаат 6 помалку, т.е. 14 конгресмени. Тоа е голем пад за нивната партија. Имаат 6 конгресмени помалку иако имаат помалку непотребни гласови од претходниот месец. Состојбата во МНФ е многу подобра од претходниот месец. Имаат 15 конгресмени, но дупло помалку непотребни гласови, т.е. гласови кои народот ги дал на луѓе кои не влегле во конгресот. Новоформираната партија - МРДЉС зема 2 конгресмена, додека пак Македонска Партија влезе во конгресот со 3 конгресмена.





Во оваа статија нема да има вреѓања со некакви си докази дрн дрн јариња иако тие се вистинити, затоа потоа. Се надевам дека го дадовте вистинскиот глас. За тие кои ме гласаа им благодарам. Се надевам дека ситуацијата ќе остане таква каква што е и дека ќе го земам петтиот конгресменски медал и ќе покажам дека во Македонија има место за демократија не само за критики. За другото има време. Маските ќе паднат. Ова не се однесува на власта, зборувам општо. Сепак сите ние работиме сложно за еМакедонија!



Тоа е се народе. Дајте глас ако ви се допаѓа статијата, ја пишував цел час. Ова е само анализа, затоа не сакам политика во оваа статија.



Ваш