Конгрес (25.2.11-25.3.11) завршни резултати

Day 1,220, 06:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto


Почитувани еМакедонци и уште попочитувани еМакедонки, дојде време за завршните резултати и оствареното од нашиот конгрес во периодот од 25ти Февруари до 25ти Март 2011та.

Одиме од самиот почеток т.е изборите за конгресмени кои досега беа едни од најжестоките одржани, прво поради бројот на партии т.е конкуренција за место повеќе во конгресот, второ поради агресивната кампања која се водеше за понудените кандидати од страна на партиите (на ова ќе обратам посбено внимание подолу).

За место во конгресот се бореа 30 кандидати, од кои 27 влегуваа директно а 3 со вајлд карта. На изборите учествуваа 3 партии, Обединета еМакедонија, Македонски Национален Фронт и ВМРО – ВЕП. Најмногу места освои партијата Обединета еМакедонија со 21 конгресмен, Македонски Национален фронт со 6 конгресменски места и Вмро – Веп со 3 конгресменски/пратенички места.

И тоа е тоа околу изборот и составот на конгресот кој го избравте Вие почитувани, понатаму ќе следуваат детали од работата и сработеното на вашите избраници.

Првата работа која го одбележа работењето на овој конгрес е крајна несериозност и неприсуство на закажаните состаноци, со што истите не се одржаа, доколку не се одржеше првиот конститивен состанок на кој за “пофалба” се појавија повеќето фаци јас искрено незнам како овој конгрес ќе функционираше до самиот крај. За истото во мое а и во име на конгресмените кои киснеа на четот објавив неколку статии и дури во една го најавивме нашето кратко повлекување од работата на конгресот, планиравме дури и целосно да се откажеме (онака да си го кликнеме црвеното копче па и ние да не се замараме како што тоа можеше да го прават голем дел на “избраните”) ...за некое чудо статиите работеа, и наеднаш конгресот се размрда, повторно не со цел капацитет но сепак се појавија некои конгресмени за кои пред тоа се сомневавме дали воопшто се живи.

Можам слободно да кажам дека бевме првиот и засега единствен конгрес состав кој се наработи заедно со претседателот Струмјанин, буквално се растуривме од војување, на наше а и на Ваше задоволство... видете до каде сме денес, ако продолжиме со вакво темпо... има да ја позелениме цела Европа а богами и нашите сакани јужни и источни соседи.

За време на мандатот на овој конгрес се донесени 46 закони (до моментот додека се тепам со буквите на тастатурава) од кои 45 се изгласани а 1 е отфрлен, почнувајќи со зголемување на даноците, донации, купување на одбранбени системи и болници, алијанси и неколку закони за природен непријател. Исто така и тука сме доста уникатни... постојано се наоѓа една фаца која упорно гласа/ше со НЕ на секој донесен закон, ама ако тоа го правело да се осеќа посебен, нека му е.

Спомнав погоре нешто за кампањите, епа бидејќи сме во екот на една (а верувајте утре ќе биде многу поинтересно – за време на изборите) ќе апелирам до гласачите (како обичен граѓанин, убаво да размислат за кого ќе гласаат и да не потпаѓаат под ветувањата за разни донации) навистина несмееме да си дозволиме во конгресот во вака значаен период за нас, период во кој најверојатно ќе ја избришеме Италија од мапата и ќе потпишеме алијанси со Полска и Шпанија да влезе некој чија желба бил само медалот.

Во оваа прилика сакам јавно да се заблагодарам на дечките и девојките со кои минавме одлични моменти на запознавање и дружење во конгресот т.е на четот, имајте на ум дека во тоа што ви го кажав на почеток имаше вистина, дека тоа место не обединува сите, безразлика на која паравоена единица сте... без разлика од која партија сте влегле, на тоа место сите сме исто и сите имаме исти моќи ама координацијата и соработката е она клучното. Ви благодарам на довербата во мене, особено ми значи тоа што ми верувавте мене и на моите одлуки и зборови кога требаше каква било консултација. Се надевам дека во некоја прилика ќе ве запознаам во живо.о7

Македонци, утре имате избори, играјте умно затоа што периодот пред нас ќе ни донесе блескава иднина.