МАЛЦЕ ДА СЕ НАСМЕЕМЕ... ДОЗА 2

Day 1,603, 01:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Shurupinho
Холивудски брачни незгоди !

Xоливудска актерка му се обраќа на сопругот:
- Побрзај Џон, твоите и моите деца се степаа со нашите! 😃


ЛЕБ

Некој човек отишол во продавница да си купи леб.
- Колку е црниот леб?
- 50 денари...
- Многу, бе! Како може да е толку скап?
- Сега ќе ви објаснам: првите десет денари одат кај премиерот. Вторите десет денари одат кај претседателот. Третите 10 денари одат кај министерот за економија. Четвртите 10 денари одат кај министерката за култура. И последните 10 денари се за лебот.
- Ајдееее... Ама, еве ти 50 денари и дај ми еден леб, многу сум гладен.
Продавачот ги зема 50-те денари и му враќа 10 денари.
Човекот се зачудил:
- Зошто ми враќаш 10 денари, нели лебот е 50 денари?
- Па, нема леб! 😃


СЕПАК НЕ Е ТОЛКУ ЛЕСНО

Во јавен нужник, додека во едната кабина некој човек се мачи да изврши „големанужда“, во другата влегол друг човек, седнал, испуштил едно „ах“и се слушнало „плоп“. Оној од првата кабина му дофрлил:
- Ех, блазе си ти колку брзо заврши!
- А бе, што блазе си ми, ми падна мобилниот! 😃


ПРОНАЈДИЈА РАЗЛИКАТА

Која е разликата меѓу Преродбата во сто чекори и акумулатор?
- Акумулаторот има и позитивна страна.


ЛАС ВЕГАС = СКОПЈЕ

Што би се случило кога на сељаците би им светеле очите?
- Скопје од авион би изгледало како Лас Вегас! (БЕЗ НАВРЕДА ИМА ИСКЛУЧОЦИ)


МИЛЕНИЧЕ

Дошол Мујо во киното во Рамстор и застанал во ред да купи билет. Продавачката го прашала што има на рамото.
-Тоа е мојата верверица Маја. Секаде оди со мене.
-Жал ми е, животните се забранети во кино!
Мујо отишол до вецето и ја сокрил Маја во панталоните. Потоа се вратил, купил билет и седнал во киното покрај две постари госпоѓи, Милка и Елпида. Филмот започнал, но верверицата почнала да мрда поради неудобната положба. Мујо ги откопчал панталоните, а Маја ја извадила главата низ шлицот и почнала и таа да го гледа филмот.
-Елпидо - прошепотила Милка.
-Молам - рекла Елпида, сосема обземена од филмот.
-Мислам дека овој што седи до мене е перверзник.
-Оти така мислиш?
-Ги отворил панталоните и го извадил надвор!
-Ма, не се секирај за тоа; во наши години ги имаме видено цел куп, сигурно не е поинаков од другите.
Некој сантим тука и таму...
-И јас така си мислев, но овој ги јаде моите пуканки! 😃


КОНЗЕРВА

Во морето весело пливало семејство сардини. Наеднаш здогледале подморница. Најмалата сардина се исплашила и се сокрила зад мајка си.
- Не се плаши, - и’ рекла мајка и’ - тоа се само луѓе во конзерва.