Список на неработни денови за 2013 година...
krembananka
Во прилог ви донесувам список на сите неработни денови во престојната 2013 година.
За сите граѓани на Република Македонија:
• 01 Јануари, Нова Година (вторник)
• 07 Јануари, Божик (понеделник)
• 01 Мај, Ден на Трудот (среда)
• 6 Мај, Велигден, вториот ден на Велигден (понеделник)
• 24 Мај, „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители (петок)
• 02 Август, Ден на Републиката (петок)
• 7 Август, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам (среда)
• 08 Септември, Ден на независноста (недела, неработен ден е понеделник)
• 11 Октомври (петок), Ден на народното востание
• 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба
• 08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”
*Доколку празникот се паѓа во недела, наредниот ден се смета за неработен ден
За граѓаните од православна вероисповед
• 06 Јануари, Бадник, ден пред Божик (недела)
• 19 Јануари, Богојавление – Водици (сабота)
• 3 Мај, Велики Петок, петок пред Велигден (петок)
• 21 Јуни, Духовден, петок пред Духовден (петок)
• 28 Август, Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица (среда)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 Април, Велигден, вториот ден на Велигден (понеделник)
• 01 Ноември (петок), Празникот на сите светци
• 25 Декември (среда), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 15 Октомври (вторник), Курбан Ба`јрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 Јануари (сабoта), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 8 Април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 Мај (четврток), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 26 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик
Comments
prv o7
o/
Ама ич не ме интересира 🙂
ABE NIE BETER OD CRNOGORCITE SME BILE
da ziveat nerabotnite denovi URA, URA URA
Oчекував повеќе неработни денови, ден на дрвото нели е неработен ден на пр.
Една од причините со кои странските го избегнувале овој регион за инвестирање биле токму овие неработни денови кои морале да се почитуваат со закон.
шо не ќе прочиташ по статииве...
Na livce da si gi zapisam, sho e sigurno, sigurno e! 😛