!!! Иницијатива ЕУРО2012 на МТВ2 на Македонски !!!

Day 1,671, 06:25 Published in North Macedonia North Macedonia by stanojoski


EDIT
МТВ започна со прикажување на вториот натпревар на собраниски канал (МТВ3) на Македонски јазик. Да се надеваме нема да се повтори првиот ден од 3 рунда натпревари кога едниот натпревар не бевме во можност да го следине !!!

Деновиве поминуваат во знакот на Европското првенство во фудбал. Но, во Македонија се случува ограничување и селекција на натпреварите по етничка линија.

Имено МТВ кој ги има правата за пренос си зема за право да одбере кој натпревар ќе го гледааат Македонците, а кој другите националности во Македонија. Така во периодов кога во исто време се играат 2 натпревари МТВ си зема за право да на МТВ1 врши пренос на еден натпревар на Македонски јазик, а на МТВ2 на странски јазик.

Со ова МТВ на Македонците свесно им го ускратува правото сами да го изберат натпреварот кој сакаат да го гледаат, а воедно и другите националности да ги гледаат натпреварите на нивни јазик.

Решението за ова е многу просто и едноставно, кое е стандардизирано уште во 80-те години и се вика втор аудио канал. Така што секој корисник ќе си биде во можност да си го следи коментарот на својот јазик. Дали тоа МТВ е назад со времето 30 години ?!?!

Доколку МТВ не е во можност ова да го реши тогаш правата треба да ги префрли на друг медиум кој ќе знае и ќе сака тоа да го стори.

На ова треба да се реагира веднаш бидеќи такви наптревари се во следниве 3 дена.

Писмово е пратено до deskvesti@mrt.com.mk - МТВ, komuniciraj@aec.mk - АЕК и ebu@ebu.ch - ЕБУ

Ве молам во што е можно поголем број да го препратите писмово на маил до горенаведените субјекти за да може да го гледаме натпреварот кој го сакаме на свој мајчин јазик !!!
Shout на eRepublik на 10 минути
поставете го на facebook

за извик:
!!! Иницијатива ЕУРО2012 на МТВ2 на Македонски !!!
http://www.erepublik.com/en/article/-2012-2-1-2061608/1/20