Кандидатура за претседател - Јануари 2011

Day 1,139, 09:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski

Здраво Mакедонци! Ууупс, Среќна Нова и се нај нај во истата 🙂

Еве и јас се решив да се кандидирам за претседател на државата.

Мислам дека ме знаат сите, но еве да оставам кратка биографија. Роден на 21 септември, 2009 еБожји 671 ден од Новиот Свет во еИндонезија. Уште во моето еДетство се ангажирав многу за оваа игра. Го прошетав скоро целиот еСвет делувајки во различни акции македонски и странски.Сум бил во повеќе воени единици од кои на некои и лидер. Исто така политички 2 пати конгресмен и 2 пати министер за надворешни работи на еМакедонија.
Тоа би било се на кратко...

Ете сеа да ви ја презентирам мојата програма за овој месец....

- Нов бејби бум - 50 посто зголемување на популацијата
- Покачување на БДП за 40 посто
- Контрола врз еден регион - Егејска Македонија


Прво да кажам за војната со Гејлада. Луѓе таа војна е неизбежна така да сакале или не во скоро време ќе влеземе во војна. Моментално барем овој период мислам дека треба да се смириме и да се организираме што е можно подобро внатрешно. Така да војната ќе си дојде сама по себе со тек на време, треба малку стрпение.

Исто така разговарав за изнајмување на региони надвор од Македонија т.е. во Србија. Изнајмувањето е возможно но сепак во овој момент има многу работи кои го попречуваат тоа, па ако се отвори можност секако дека ќе се разговара со нашите пријатели за оваа можност.

За бејби бумот, сите знаете како функционира тоа. Немам некои страници или форуми со кој сум зборувал, но ако имаме војна сигурно ќе имаме и бејби бум. Исто така сакам да спомнам дека секој што може да придонесе со реклама на еМакедонија за бејби бум на некоја страница, телевизија, весник да ме контактира може да се договориме, истиот ќе биде соодветно награден.


- Економија

Целта ќе биде зајакнување на економијата на еМакедонија и отварање нови фирми преку кои ќе се собират средства за идните воени дејствија на еМакедонија. Размислувам за зголемување на државните резерви за леб и оружје во што поголеми мерки, исто така со новиот министер ќе се разгледат и други планови и идеи од негова страна.

- Одбрана

АРМ мора да ја зголеми својата моќ. Планирам со министерот и неговите помошници правење на план за зголемување на силата на сите во АРМ. Интензивен тренинг со бустери за секој војник(ќе се види според можностите). Исто така проширување на армијата со нови регрутации(барем да стигнеме над 200 активни војници).
Што се однесува до паравојските, во одбрана на државата ќе се активират секако и ќе добиваат буџет за битките исто и за оние на нашите сојузници од голема важност, исто така ќе гледам да подржам некои акции веќе почнати од истите. Едноставно ќе се гледа да се соработува што е можно повеќе.

- Надворешни работи

Како што и сами гледае ситуацијата каква е во еСветот и еМакедонија ќе бара нови патишта. Но тоа не значи дека досегашните пријатели ќе ни станат непријатели. Напротив, ќе одржуваме контакт со сите наши досегашни сојузници кои се спремни и отворени за соработка. Ќе продолжиме да се бориме за нашите пријатели од Феникс, но секако ќе бидеме слободни и отворени за нови пријатели и патишта.

- Останатите министерства ќе бидат активирани исто така до најголем степен. Посебно тие за образование, информирање и здравство.
Мора да се подготват што повеќе свежи туторијали во случај да добиеме бејби бум, информираноста мора да се зголеми, со што исто така и старо-новите играчи би биле повеќе информирани за случувањата во еСветот и еМакедонија. Тука спаѓа и здравството што би било ептен активно овој месец со делење совети и помагање на новите играчи и на тие што им треба помош.

Исто така најавувам ново министерство за финансии, кое ќе биде одговорно за давање извештаи за примени и излезни пари од државната банка. Ќе се води сметка за државните пари со создавање на буџет за секое од министерствата и за проекти кои се предвидени.

Исто така најавувам дека ќе се дистинцирам од членството во паравоената единица во која сум моментално, исто така ќе барам од секој министер да го направи истото.

Владин кабинет за овој месец :

Претседател - Drashhh_III_Makedonski
Премиер - сеуште немам најдено 🙂

Министерство за Економија - Macedonian_Lion
Помошници: KiriusMK + оставам да си избере тим + советник lazarosaMKD

Министерство за Одбрана - Slajder
Помошници: United Macedonia +2

Министерство за Надворешни работи - Demigod_mk

Министерство за Образование - MetodiusMagnus, советник Cyril of Macedon
Помошник - PhoenixMK

Министерство за Информирање - DedaNoe
Помошници: - Dragje,

Министерство за Здравство - Aminta Makedonecot + советниk Ivffan
Помошници: Исто така оставам тим свој да си направи

Министерство за финансии - United Macedonia, Drashhh_III_Makedonski
Секретарка - барам

Поздрав

Македонија на Македонците


п.с. Чичо Ѕинго ме подржува 😃