[ВанЧо] 2 години на еРепублик + q5 торта за сите

Day 1,356, 11:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добра Ви вечер Македонци каде и да сте о>

♪ ♫ МУЗИЧКА ПОДЛОГА ♪ ♫

- Далечна е пролетта 48-мата...аххх не 🙂 ...беше тоа еден топол летен ден, или ноќ не се сеќавам баш најдобро. 6-ти Август 2009-то лето Господово, си дремам јас така на скајп и оп ми пишува Eddie Rebel, вика бате Ване има една игра, има политика во неа, ќе одиме во Бугарија ќе направиме Македонско ВМРО и ќе им се вмешаме во политичкиот живот додека не ја додадат еМакедонија. Хммм си викам јас, звучи интересно, ај да пробам, лето е, завршив со испитите, ќе тепам време. И така во истата болница во еБугарија заедно со Stojko Stojkov aka PhoenixMK и Themacedon aka Citizen Makedon се роди Ivan Vancho Makedonski 🙂

> > > Клик за поголема < < <

- И така бате Ване го почна своето еПатешествие со 1 мувлосано лепче и 6 бугарски лева во џебот. Благодарение на неколку дена постариот батко ЛазаросаМКД и на уште неколкумина добри еМакедонци од групата на скајп јас закрепнав и фатив 7-ми левел за да можам да гласам на изборите за нашите кандидати.

- После Бугарија следеше Индонезија тогашниот рај на еСветов, па Русија и учеството во Македонската фаланга. Веднаш после Русија ја префрливме единицата но таа епизода траше кратко. Следеа неколку обиди за ПТО на други земји како би покажале на админите дека заслужуваме своја земја. Така бате Ване во Јануари 2010г. стана конгресмен во еБелгија. Следеше мојата преселба во Србија и учеството во елитната паравоена единица White Eagles. Потоа ПТО обидите во Чешка и Јужна Кореја каде што еМакедонците добија мнозинство во конгресот и беа на чекор да добијат свој претседател. И на крајот после толку обиди админите во септември најавија додавање на еМакедонија на картата на еСветот. Целиот наш труд конечно вроди со плод и добивме свое парче еЗемја каде што си се населивме и почнавме да си играме држава. Тоа што денес го имаме никој од нас ни на сон не го очекуваше, но сепак потајно се надевавме дека ќе успееме да изградиме успешна еДржава и достоинствено да се спротиставиме на нашите еДушмани...

- Да не го тупам со еИсторија, кој сака повеќе да дознае може да одиме на пивце па да си правиме муабет 🙂





- Да не речете дека ние Егејците сме биле скржави, девојка ми која што многу си ја сакам направи една голеееема големаааа торта и од неа исековме мноооогу многууу q5 парчиња така да би требало да има за сите xD, а во септември здравје Боже ќе правиме една голема журка, да се вратат луѓето од одмори 🙂

- За да добиете парче q5 торта треба да напишете коментар: Сакам торта и да удрите еден шаут на статијава
____________________________________________________________________________
За шаут (извик):
[ВанЧо] 2 години на еРепублик + q5 торта за сите
http://www.erepublik.com/en/article/-2-q5--1837977/1/20
____________________________________________________________________________

- И за крај имам само едно: Македонци сакајте се и сакајте ја Македонија бидејќи таа ни е се’ што имаме! Да сте ми живи здрави и долговечни \o/


Ваш,
Иван ВанЧо Македонски

ПС: Топ сте кисс4е mwahhh xD

ППС: Поклон во плико 😛