Претседателско обраќање бр.2 [DedaNoе]

Day 1,314, 16:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto


После куп натегања како во моменти пред свечено испуштање воздух за тоа дали сум жив или не еве ме... жив сум и мислам дека е редно да проговорам за некои работи кои се случија од моментот на ..."историското" освојување на јужните.

Почеток: ги освојувавме и ги освоивме релативно прелесно, во ниту една битка немавме посериозен отпор и навистина незнам како голем дел од вас успеаа да замижат пред тоа... можеби заслепени од тоа што некои за тие победи истрошија голема сума на пари а ние како типични македониња со црногорски синдром (криење на газ*то кога има друг да се мачи) стоевме од страна, и само - САМО, навивавме.

- меѓувреме - Хрватска, сила водена од докажани тенкови кои се главната СИЛА и армија на целиот веќе пропаднат еден, војна со нив, бустање его на сметка на потрошените нечии пари и развој на зголемена ...алчност (пак една толку типична карактеристика за нас, никогаш задоволни, никогаш ДОСТА), пораст на апетити на народот и желба за докажување.
Војна која иако кратка можеше да биде фатална за нас, секоја им чест на нивните тактичари и планери... бидејќи колку и наивно да изгледа играва, убаво тајмиран напад или востание кои цело време се обидуваа да ги поклопат со нашите напади на јужниот сосед

- меѓувреме х2 - анализа на ситуацијата т.е глупоста на јужните соседи кои упорно и упорно не се борат - резултат преземање превентивна мерка - затворање војна со Хрватска и премин на целосно бришење и фокусирање на јужните. (решение донесено од цел МоД, тим на советници и да... тие кои трошат пари за вие да се радувате)

Финале: освоен е јужниот сосед, затишје. - Кое официјално траеше до денес, кога на долниве им текна да се вратат во игра и да го покажат својот вистински потенцијал и моќ... епа емакедонци и емакедонки ова го чекав. За ова исто чекање и неизвесност во која ве држев бев плукан и омаловажуван од одредена група на луѓе... чие мото како и на сите останати е дека мислат за доброто на Македонија, бев под константен притисок да нападнам, да раскинам договор со Србија за регионот Апулија со кој сме заштитени од Хрватска, да нападнам било каде... да сторам било што - што само ќе им олеснеше на соседите да се дигнат и да не фатат на два фронта. Издржав еве, бев во право како и многупати досега. Навистина несакам да знам што ќе ни се случеше ако ги послушав "добронамерните" совети... и плус да подпаднев под влијание на тактиката на немоќ на јужните соседи.

Египет, Арабија и останати авантури...
Териториите кои во моментите беа на јужниот сосед а ги окупирале од горе споменатите држави ги осовојвавме за да им помогнеме потоа полесно да се ослободат и да се развијат. Ги напаѓавме за да може да ги одложуваме битките и да не ни се поклопат со Хрватските битки (за чие поклпопување Хрватите се покажаа како вистински мајстори... ама не се докажаа)... сега регионите ги враќаме само кога од мене ќе биде побарано од нивниот (заеднички) претседател, и никако поинаку - бидејќи се крајно исплашени од освојување.

еМакедонци:

Утре пред нас е ВИСТИНСКИОТ тест, утре заборавете на пукањето без наредба бидејќи одморот е ГОТОВ.

Цивили - утре навечерта армискиот канал нека биде местото каде што ќе бидете и од таму ке добивате наредби кога и каде да ја насочите вашата штета.

Воени единици... немора да спомнам дека од моментот на изгласување на НЕ од вас очекувам да го оправдате мрсниот рефун кој го земате и да се нацртате на армискиот канал со МОЖНОСТ да пукате... планирјте си ги тие 6 часа како сакате ама сакам да имате можност за убиство т.е извршување на наредба кога ќе се побара од вас... во спротивно... епа финансирајте се како знаете.


p.s #emkd-army (за тие кои подзаборавиле или незнаат)

6те фамозни часа... ќе ги спомнам одделно како промена која ни дојде како меч со две острици... позитивно сите имаме можност за брз напредок и ојачување а од друга страна... секој гледа да се испука што побргу и дојдовме до ситуација од импресивен воен канал на кој имаше 200 души чиј kill правеше зидот да се превртува... сега ги нема, прееска бев поканет на воениот канал на Египет... имаат повеќе активна војска од нас на чет... било како, пишав погоре, одморот од утре заврши.

За сите останати... кои не се наоѓате себеси во која било од горните групи на цивили или воени единици... или па сте од некоја ама ве интересира само да мавате... каналот на кој ќе ги најдете приоритетните битки во текот на денот (колку да не лупате безврска) е: #naredbi

Ко за крај:
Ќе имате ги имате фамозните 10% бонус и 0,5 на тренинг за кои ме пцуевте до небото и назад... упс теравте други да ме пцујат 😉

Ко за сосема на крај:

HAIL ONE!!! - Thank u allies. (ова можете да го пишете и во коментари на статијава... наместо да одбројувате кој коментар по ред сте го пишале)

Благодарам на вниманието... знам дека се занесов... малку 😃

p.s I'm alive and kicking...