ДАЛИ ЗНАЕВТЕ - 2 дел

Day 1,981, 09:50 Published in North Macedonia North Macedonia by KO3AR

Изградба на Меѓународната вселенска станица била најскапиот објект во историјата - изнесувала 150 милјарди долари.

*****

Тардигарата, најотпорното суштество на светот, може да помине 10 денови во вселената.

*****

На Земјата удираат 8.6 милиони громови.

*****

Диносаурусите можеле да постојат само затоа што атмосферата некогаш имала значително повеќе кислород. Влекачите денес не може да пораснат толку големи.

*****

На Земјата 97% од водата е солена, а 3% е свежа.

*****

На Антарктикот се наоѓа повеќе мраз отколку вода во Атлантикот.

*****

99% од целото злато се наоѓа во јадрото на Земјата - тоа е доволно за околу Земјата да се направи слој со дебелина од 46 сантиметри.

*****

Под реката Амазон се наоѓа „реката“ Рио Хамза која на некои места е широка и до 400 километри. Таа се движи со брзина од 1 милиметар на час низ карпите.

*****

Ветерот секоја година пренесува 40 милиони тони количина прашина од Сахара до Амазон.

*****

3.5 милјарди години изнесува староста на фосилите кои се пронајдени во Австралија. Тие се значително постари од моментот кога се претпоставува дека Земјината атмосфера имала кислород.

*****

Секоја година континентите се поместуваат за 2 сантиметри.

*****

Секој ден се раѓаат по 200.000 луѓе

*****

Досега, на Земјата живееле 106 милјарди луѓе.

***********************************************************************

Извор:http://www.fakulteti.mk