еРепублик собиранка - 16-ти Октомври - Скопје

Day 1,060, 11:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добро вечер еМакедонијо,

на почетокот би сакал да ве известам за опасноста која и прети на нашата партија. Опозицијата на еБугарија преку својот кандидат Podkrepa се обидува да ја превземе нашата партија Обединета еМакедонија.
Затоа сите кои сте во можност, приклучете се на партијата и гласајте за Cyril of Macedon, кој е единствениот официјален кандидат

Е сега да преминеме на темата 🙂
После долго и макотрпно преговарање и договарање...ОДЛУЧЕНО Е!!!

еРепублик собиранка на 16-ти Октомври (сабота) во Скопје

Локација: Лондон паб (London Pub) во центар односно на плоштад Македонија веднаш до тренд 🙂


Време: Собирање пред споменикот на Ченто во 18и30часот (или 6ипол приквечер како сакате xD)

* За тие што незнаат споменикот на Ченто се наоѓа веднаш пред кафе тренд на плоштад и мноогу блиску до ЕПИЦЕНТАРОТ ---> Лондон паб (иначе немаме никакви врски таму едноставно demigod_mk го предложи и повеќето се сложивме)


Поканети се сите играчи на еРепублик без разлика на пол, возраст, партиска определба, experience поени, место на живеење итн итн, исто така можете да понесете и по некоја другарка со вас (читај другарка=женски пол) 🙂

Дојдете да се дружиме, да поправиме муабет, и да испиеме по некое пивце + како што добивме извештаи имало и пилешки прсти за мезе со пивото по пристојни цени

А на кого ќе му се отвори дизната може да продолжиме со винце на фестивалот на виното ВиноСкоп кој се одржува на 50-тина метри од Лондон паб

За тие под 18 години има сокче хахаха

* За тие што се од другите градови и сакаат да дојдат ќе има организиран превоз (пешки) од железничка/автобуска станица до местото на настанот
* Доколку заглавиме и немате можност да се вратите ќе се снајдеме и за спиење (еве јас на пример имам празна соба за две девојки) xD

Поздрав од иницијативниот одбор за дружење и соработка љољ
Ваш,
Иван Ванчо Македонски

ПС: Тие што нема да дојдат, не само што ќе пропуштат добра журка ТУКУ И НЕМА ДА ИМААТ ПРАВО ДА СЕ КАНДИДИРААТ ЗА КОНГРЕС 😛

Поздрав, МнМ о/