Некои интересни сознанија за нашите јаки профили.

Day 5,629, 09:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Sol.Invictus

Јас како двокликаш, а и во принцип, немам обичај да прцам во битките. Се уклучувам обично еднаш дневно на 5 мин, а ретко и по двапати на ден.
Но деновиве заради спрингбрејк имам релативно повеќе оружје и моркови и гледав повеќе да пукнам и ако можам некаде и да фатам некој медал.
Но за да бидам фер и да не прцам, штетата ја распределував на повеќе битки, барем на 3-4 битки минимум и во една или две можеби и ќе фатев и медал.
Воглавно пукав таму каде што зидот е на наша штета и гледав да го свртам ако можам, но секогаш следејки објави на зид, која битка треба да се губи а која да се добие.
И што се случува.
Добивам лути реакции во пораки, од јаки профили, зошто сум прцал, и зошто сум вртел зид во некои битки каде што треба да губиме.

Значи да објаснам некои работи со кои претпоставувам и други двокликаши се сретнале.
Ако нема упатство на зид кои битки треба да се добијат а кои не, ние двокликашите не можеме да знаеме каде да пукаме. Не сме по каналите и немаме информации. Пукаме таму каде што во моментот наоѓаме за потребно.
Но ете и да има упатства, пак се појавува друг проблем.
Сите битки од старт се резервираат од јаките профили и тоа се резервирааат со релативно мал демиџ (30-50К во авио битки, и 70,80 - 120, 130М во Д4). Како е во Д3, Д2, Д1 незнам.
И сега ние двокликашите и послабите профили каде да пукаме? Каде да фаќаме медали за да растеме?
Јас пример имам дневно 2700 енергија за ФФ. Ако јас испукам само ФФ, дали авио, дали Д4, секако ќе го поминам тој што ја резервирал битката.
И ете нервозни реакции од чаушите со јаки профили, зошто сум прцал.
Значи ние да не пукаме воопшто тогаш, или пак да пукаме само за странски земји. Или да пукаме ама никако да не го минеме чаушот што ја резервирал битката. Кажете, не е проблем. Ќе пукаме само за странски земји ако треба, ако толку ви се битни медалите.

Деновиве имав реакција од 2 самозвани чауши со јаки профили (едниот со над 3000 медали, а другиот со над 13000 медали, ееј 13000) зошто сум ги прцал. Побогу, јас имам само 130 медали, ама сум ги прцнал нив со илјадници медали што имаат. Оти они, фер, без прцање ги направиле тие медали. 🙂 А не дека сум имал намера. Едноставно во тие битки зидот бил неповолен за нас.
Па како тогаш ние другите да земеме медал, ако јаките профили резервираат битки и тоа со релативно мал демиџ.

А за речникот во реакциите 🙂 и да не зборувам. Претпоставувам дека се некои копиљаци кои ете, сеуште не стигнале да развијат вокабулар. Но тоа е. 🙂 Знам дека има многу копиљаци во играва. 🙂

Така што дечки ако сакате само вие, незнам, најјаките 50 профили да си играте сами и да се прајте чауши, кажете, не е проблем. Ние другите можеме и по други земји да си отидеме. Поарно тоа, наместо да добиваме неубави пораки.
И онака имам над 2000 гоуст бустери, можам да си ги пукам за странски земји, штом не сакате да ви се мешаме у вашите медали.

Размислете си добро. Ако сакате само 50 души да си играте, нема проблем, можеме ние другите и по странски земји да си одиме. 🙂