Нова авио единица на еМакедонското небо!

Day 3,986, 01:06 Published in North Macedonia North Macedonia by eRevenant
Здраво на сите,


Денес се отвора нова авио единица која ќе има за цел зајакнување на Македонската штета во воздушните битки. Воздушни сили на еМакедонија е единица која функционира малку поразлично од другите. Постојат услови за зачленување во истата, а тие се секој член да биде опремен со Blitzkrieg и Power pack.


Нешто за овие пакети:
Овие пакети Плато ги дава еднаш месечно и двата заедно чинат 25 евра. Меѓутоа постои опција овие пакети да бидат купени за ерепублик пари. Двата пакети заедно чинат околу 500к цц или, моментално, нешто помалце од 1000 голд.

Доколку ги имате двата пакети активни можете да освојувате по 2 Sky Hero медали дневно кои што носат по 30 голд. Со проста математика, доколку освојувате по 2 медали дневно добивате 1800 голд месечно, што значи дека ги враќате парите вложени во пакети и добивате огромен профит од голд кој што можете да го вложите во фирми и слично. Исто така добивате енерџи барови, ранк поени и поголем левел, а со самото тоа и повеќе штета која ни е потребна.


Што нуди единицата:
-Секој член добива q1,q2 и q3 куќа секоја недела;
-Секој член добива по 1q2 леб за секое убиство неделно;
-Секој член добива помош доколку не успее да освои доволно голд во текот на месецот за нови пакети.
-Во зависност од заслугата и активноста, членовите можат да добијат бесплатен пакет, особено во период на јаки војни 🙂


Услови за влез во единицата:
-Македонско државјанство;
-При влез во единицата потребно е да се вработите кај еден од командирите за минимална плата!
-Задолжнително влегување на Телеграм или Вибер група!
-Активни пакети Blitzkrieg pack и Power Pack!
-Носење на аватар на единицата!

*Телеграм е апликација за мобилен/компјутер слична на вибер само не го покажува вашиот телефонски број


Правила на единицата:
-Најстрого е забрането крадење на Sky Hero медали помеѓу членовите на единицата!
-Забрането е пукање против наредби!

Секој кој што нема да ги почитува правилата ќе биде опоменат или отстранет од единицата!



Покрај наведените неделни ресурси, планирано е и oрганизирање на удар еднаш неделно со сопствено ЦО, што значи дека секој присутен за време на ударот ќе добие цц во висина од еден СХ медал.


Ги замолувам сите кои што се заинтересирани да ми пратат приватна порака. Доколку имате проблем со набавување на првите пакети ќе се обидам да ви помогнам.






Заедно за силна еМакедонија!

Искрено ваш,
eRevenant