Завршно Претседателско Обраќање [Северус]

Day 3,820, 21:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Поздрав народе,
Дојде крај на мојот втор мандат, по хет-трик нема да одам 😛

Како што е ред, да сумирам што се случуваше:
-Месец време успешно и без некој проблем ги држиме Американците окупирани, и добиваме солиден плус на пари од нивните региони

-Македонија го доби последниот 5ти ресурс за храна (елени), и преселивме главен град во Америка за +15% поврзани бонуси.

-Помогнавме на Индонезија да се ослободи од Австралија, кои се моментално избришани, а Македонија го задржа регионот Суматра за регионална безбедност, а и да имаме од време на време битка плус.

-Доцна вчера бев контактиран од Албанска страна за предлог за Тренинг Војна, и после консултирање, одлучивме да прифатиме, затоа што ќе е од наша корист. Тренинг војната би била малце поразлична од тренинг војните во Индија, Тајланд, Нов Зеланд на пример, со тоа што ќе се одвива само на 2 региони. Повеќе за ова од следниот Претседател.



Како што ветив и во првиот мандат, а се кандидирав и за вториот, Македонија месецов има 100% бонуси за храна, со 3% работен данок. Солиден дел од тие што ме контактираа ги вратија фирмите, и сум благодарен за тоа. Го исполнив и јас моето, и они нивното. Единствено немав време и не успеав да разработам стратегија за враќањето на фирмите и помош од државата. Се надевам следните претседатели ќе размислуваат на ова.



Сега околу работниот данок: доста недоразбирања и тензии околу данокот месецов, Владата сака помал данок, конгрес повисок. Затоа и имаше пуштено самостоен закон за 6%, тесно изгласан и прифатен, по што веднаш реков да се пушти на 3%.
Јас ценам што мислите на државната каса, и еве пак се наполни, ја оставам со нешто помалце од 2 милиони денари. Моментално имаме стабилен прилив од просечно 120 илјади денари дневно, и тоа е сосема во ред. Ама данок од 6% едноставно нема потреба затоа што нема ефект на долг рок.



За тие што не им е јасно и не сфаќаат кога ја гледаат колоната, објаснувањето е многу едноставно. Ќе го земам за основа на вредност данокот од 4%, со кој имавме прилив просечно 130 илјади денари (само од „Работа како менаџер“). Со покачување на данокот за 2%, приливот се зголемува само за 50 илјади денари со тенденција на опаѓање, а намалувањето на данокот од 1%, го намали приливот само за 30 илјади денари, со тенденција на покачување.

Тоа е затоа што во секоја нормална економија, помал данок значи повеќе отворени и работени фирми, а со тоа и евентуално повеќе прилив за државата на долг рок, отколку затворање или селење на фирмите надвор од државата заради превисок неисплатлив данок од (на пример 6😵 со кој не добиваме ништо.

Данокот засега така и треба да остане, освен во вонредни времиња нормално..



За крај да се заблагодарам на сите вас што ми пружавте доверба, на еден од најдобрите тимови што сум ги имал некогаш во Влада и нивната помош, на конгресмените за соработката и дебатите, на војниците итн...

Срдечен поздрав,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп