Петто Претседателско Обраќање [Северус]

Day 3,795, 06:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Поздрав Македонски народе,

За да не се буните со обраќањата од претходниот месец, бидејки продолжувам и втор мандат, обраќањата ќе ги продолжам како да се петто, шестто итн.


Пред се да честитам на освоениот 5ти ресурс за храна во главниот ресурсен регион на Америка, Небраска. Сега е момент да ги враќате фирмите во еМакедонија, мислам дека солиден дел од вас веќе и ги вратија, кому му треба помош околу тоа нека каже. Сеуште барам решение, и мислења од сите вас за како да им помогнеме на Македонците да ги вратат фирмите кај нас, па повелете, мислете.

Со денешниот напад на Илиноис, војната со Америка се затвора затоа што немаме повеќе региони за напаѓање. Моментално е хаос, затоа што некои земји од сојузот на Америте пробуваат да ги исфрлат Хрватите и нивните пријатели, а во ова се приклучи и Романија. Засега ние сме безбедни, но бидете на готовс!

Тоа е накратко она што има да се каже околу нашата акција во Америка, која оди прелесно, што не значи дека треба да се опуштите.



Во тој контекст, на освојувањето на новиот ресурс и поголемо производство на фирмите во еМакедонија, вчера отворив дебата во пораката со Конгресмените дали сакаат данокот да се намали на 3% или да остане на 4% поради огромните трошоци што ни ги предизвикаа Словенците.. Прв пат во моја еИсторија се случи обратното, јас да нудам намалување на данок, а конгрес да сака покачување (на мал период време) за да се вратиме побрзо на нозе со парите во Банка. На нивна рака е пуштен закон за покачување на данок на 5% и го гласаат моментално кој како мисли, засега гласовите се 22-11 и е неизвесно како ќе заврши.

АКО се изгласа 5%, тоа ќе биде на краток рок, колку да се вратиме на нозе, затоа што парите од последната донација 90% отидоа за авио рефундот.. Неделава и покрај тоа што се намали наградата, се поделија повеќе пари од претходната најмногу заради тоа што имаше многу тешки авио битки, посебно нашите, а и Плато даде Пролетни пакети кои даваат воздушни „базуки“ кои бројат 1 удар = 1 убиство.

Ако не беше промената, оваа недела ќе требаше да се поделат сигурно над 350 илјади денари, пари кои во моментот на делење ги немавме. Земајки го ова предвид, ја разбирам и намерата на конгресот данокот да е 5% привремено, се надевам разбирате и вие.

Очекувам од наредна недела кога ќе се потрошат тие залихи на авио базуки да ја видиме вистинската слика за новиот авио рефунд систем. Повеќе за средствата поделени видете овде:

https://www.erepublik.com/en/article/a-1-2669038/1/20




Сега да се осврнам и на можеби најжешката тема деновиве, а тоа е инцидентот со Словенија. Околу ова веќе напишав вонредна статија на Англиски јазик за да се појасни ситуацијата на еСветот, бидејки Словенците изглегоа со статија 10тина часа пред мене, и кога ја прочитав статијата беше многу манипулативна и со пропаганди против нас. Затоа во ова прво обраќање ќе ви објаснам накратко што се случи, за тие што не прочитавте или не разбравте во статијата на Англиски јазик.

На 7ми Април рано на полноќ (значи 6ти Април доцна вечерта) добив порака од Колонел Брус дека сакале да го земат регионот Северен Тајланд за ресурси. Јас во тој момент не бев во можност да одговорам или воопшто договарам, па реков подоцна или утре.
На Словенците поради уште нејасни причини им се брзаше, па кога станав видов дека веќе пуштиле Воздушен Напад на Тајланд, без претходно мое одобрение. Нормално, за такви работи треба време, затоа што јас требаше да се распрашам прво кај Тајланд дали, како и зошто они одобриле такво нешто кога ние веќе имаме Тренинг Војна, да прашам војниците, Влада итн..
Претседателот на Тајланд имал смртен случај тој ден, па искрено, не знаеше ни што да одговори.. правеле договори преговори, ама и тој не знае со сигурност што е уствари.
Во 9 часот и 48 минути ми враќа дека дури тогаш средил, мислам дека кога веќе Словенците го беа пуштиле законот..



Како и да е, причина повеќе за разгорување на овој пламен беше и односот на Словенците кон нас во Ноември ако не се лажам, кога ја бришевме Аргентина, они имаа регион во Нигерија. Прво паника до небо направија зошто сме нападнале во Нигерија, а после покажаа заби и зошто изразивме желба за Тренинг Војна со Нигерија. Покажување заби е најблаг термин што можам да го смислам за нивните зборови кои ги употребија, затоа што наводно Нигерија била нивна/на Колонел Брус. Како и да е, Македонија мирно се повелече од таму, никому ништо.. И некни се случи истото само во обратни улоги; кога ние постапивме исто како нив, они почнаа да пукаат против нас со цел насила да се протнат во Тајланд. Не им успеа, позади нас застнаа сите наши сојузници и Астерија како сојуз.

Утредента после тоа се покрена и гласање за исфрлање на Словенија од сојузот Астерија, но беше одбиено.

Стигнаа неколку предлози за смирување на ситуацијата, на пример како, Словенскиот предлог беше да се извинат двете страни и да се проба дипломатски да се договори нивен пристап до Северен Тајланд.

Овој предлог Владата категорично го одби, и јас предложив Словенија да се извини на нас и на сите оние што ни помогнаа и се трошеа заради нивните глупости, и исто така исплаќање на воена оштета.

Засега се наоѓаме во статус-кво ситуација, односите се замрзнати, со надеж дека нема повторно да се распламенат 🙂


Апелирам да се воздржувате од навреди и да потпаѓате на лесни тролови, засега на хартија сме сојузници и во ист сојуз/страна, за понатаму не знам. Ова се според мене преодни времиња, и никако не треба да плукаме во бунар од кој можеби ќе треба некогаш да пиеме вода, ако се разбираме.. 😉 тоа важи за односот со сите земји исто така..


Добредојдени сте да се придружите на Вибер групата на Македонската Авијација, за известувања за дневни удари, настани, и пред се дружење.

https://invite.viber.com/?g=qzX2RXVsk0c8rffke6HHpC9DBLUU-f94




Срдечен поздрав,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп