Завршно Претседателско + Кандидатура [Северус]

Day 3,786, 06:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден народе,

Го пишувам ова последно завршно обраќање кон вас месецов, со најава исто така и на мојата кандидатура за следниот месец, ако ми ја дадете довербата.

Би сакал да го завршам тоа што го почнав со компаниите, бидејки еден месец е мал период за таква работа.. Се надевам следниот месец ќе бидеме успешни, и овој проект ќе вроди плод.

Кога сум кај проектите, најавувам и модификација на моменталниот авио рефунд систем. Очигледно овој проект дава резултати, а тоа го гледам преку трошоците за финансирање. Постепено и сигурно се накачуваат, минатава недела достигнавме поголема бројка и од претходната, а тоа е 240 илјади денари,а првата воопшто авио поделба чинеше 97.445 денари.



Од Владата предложено беше да се намали прагот на воздушен ранк, и наградата денари за убиство, но јас мислам дека ранкот не треба да се менува, барем засега, ако сакаме резултати на долг рок.

Затоа од утре, за секое убиство во авио битки државата ќе субвенционира 2 денари, наместо 3 како досега. Останатиот дел од рефунд системот останува ист; повторно Командирите пријавуваат единици кај надлежните лица и така натаму.

Значи промената е САМО кај 1 денар помалку за убиство.

Субвенциите за оваа тековна недела заклучно до утре смена на ден, ќе бидат исплатени по редовниот стар систем. Промената започнува од утре!


Во ова е исто така и земено предвид идното намалување на данокот кое треба да го спроведам наскоро, штом почнам и со проектот за враќање на фирмите во еМакедонија.




Ве молам да разберете дека ова е засега експериментално, и сакам да видам нареднава недела како ќе бидат трошоците. АКО е потребно, ќе се разгледа и модифицира промената. Со оглед на тоа што повеќето од вас веќе пораснавте во ранк, а со тоа и дмг/убиства, сами си купувате куќи итн, наградата за направено убиство мора да се намали, затоа што со ова темпо ќе стигнеме до 300 илјади денари трошоци за недела две 🙂


Се надевам на вашата поддршка, и ќе ми помогнете да го довршам она што го почнав за да станеме и економски силна земја.



Срдечен поздрав,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп