Трето Претседателско Обраќање - Резултати [Северус]

Day 3,779, 09:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Поздрав Македонци,

Во ова орбаќање ви го претставувам резултатот од пополнувањето на формуларот за евиденција на фирмите во и надвор од еМакедонија.

Време за пополнување на овој формулар имавте 7 дена, а пополнети се 44 пријави.

Резултатите се следниве:







На прашањето во кои земји во странство им се наоѓаат фирмите надвор од еМакедонија:

-Шестмина одговориле во Иран
-Тројца одговориле во Чиле
-Двајца во Америка
-И по еден одговориле во Кина, Србија, Унгарија, Германија, Романија, соодветно.

На прашањето колку фирми имате во холдинзите во странство, вкупно одговори се регистрирани 468 фирми во странство (фабрика за храна, и за материјали за храна заедно). Тоа се многу фирми, со оглед на тоа што ова е далеку од комплетна евиденција...

Просечно данок плаќаат околу 500 денари за работење на тие фирми.



На ова прашање, тие што одговориле дека нема да ги преместат фирмите во еМакедонија, како главна причина го наведуваат трошокот за преселба. Еден одговор е регистриран само за разликата на процентуалните бонуси, пример: сега во странство имаат 193% бонус, а еМакедонија моментално (со еден бонус помалку) има 176% бонус, наскоро плус 15% од последниот ресурс што ни недостига, ќе имаме 191% бонус. Ако тие 2% прават разлика, тогаш навистина не знам што да ви кажам 🙂

Воедно ви приложувам и доказ за бонусите во еМакедонија на дел од моите фирми:





Колку за споредба, за тие МОМЕНТАЛНИ 17% разлика во бонус од еМакедонија и еИран, еИран има наполнето во каса над 7.5 милиони денари, душа ме боли кога ќе помислам дека најголем дел се и од еМакедонски граѓани, а ние едвај собираме со месеци за да допреме до 3 милиони, а имаме и расходи како финансирање на авијатичари, пробување нови опции за стимулации со КО, авио удари и слично. А се финансираат и играчи кои имаат фирми во еИран на пример. Данокот го плаќаат во еИран, касата на еИран се полни, а на еМакедонија се празни.

Пример, еМакедонија неделава направи 662.614 денари прилив, а за авио рефунд се поделени рекордни 220.000 денари. На месечно ниво расходите за авио идат околу 800 илјади денари, а приход 2.640.000 просек. Кога ќе направиме салдо, добивката е 1.840.000, што е реално малку.


Надеж ми дава особено големиот процент на луѓе (79.5😵 кои се спремни да ги вратат фирмите во еМакедонија, и дајте ве молам, вратете ги, тие пари што ги плаќате на страна, таму и остануваат. Тие земји никогаш нема да ви даваат така финансиска помош, како мајка Македонија. Ова го правиме од нас, за нас.

Имајќи предвид дека ова е повеќе од комплексна тема отколку што мислев, конкретно решение за враќање на фирмите во еМакедонија моментално немам.

Првична идеја ми беше државата да кофинансира 50% од трошоците за преселба, и данокот да се намали првично на 3%, а ако работите тргнат на добро, па да го задржиме и на одржливи 2%. АМА, сето тоа зависи од ВАС, произведувачите.
Пример, ако има многу произведувачи кои ќе произведуваат во еМакедонија, ние можеме да го задржиме тековниот прилив дури и со данок од 3%, па и 2%..

АМА, механизмот за селење на фирмите е комплексен, и се рачуна на следниот начин:

Цената за релоцирање на фирма се оценува според квалитетот на фирмата (КУ1-КУ7), и разликата во растојание помеѓу стариот и новиот холдинг. Ова се рачуна како 4% од вредноста на фирмата + 1% за секои 1.000км оддалеченост на холдинзите.

Пример, ако една КУ7 фирма за оружје вреди 1230 златници, претворено во денари со цена на 1 златник = 400 денари, таа фирма би вредела 492 илјади денари. Трошоците за преместување на таа фирма би варирале од 24.600 денари, до 98.400 денари, во зависност од горенаведената формула.

Повеќе за холдинзите може да прочитате овде, за жал нема Македонски превод, па ви го давам Српскиот превод, кој има желба може да одбере Англиски.

https://tinyurl.com/y9d9kx7t


Оваа опција е не толку веројатна, во зависност од тоа колкав удар ќе биде на нашата каса, и дали ние ќе можеме да го издржиме тоа, воопшто.. И тоа дека, трошоците се различни за секој, индивидуално.. Можеби до следното обраќање ќе имам подобар предлог.. Инаку, секоја идеја и предлог е добредојдена.




За крај, да не заборавам, почнавме со заеднички координирани удари секој ден во 21 часот Македонско време, секој што сака да учествува е добредојден да се придружи на националната Вибер група за Авијатичарите на следниов линк:

https://invite.viber.com/?g=qzX2RXVsk0c8rffke6HHpC9DBLUU-f94




Со почит,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп