Прво Претседателско Обраќање [Северус Снејп]

Day 3,769, 09:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав Македонци,

Добредојдовте во моето прво Претседателско обраќање. Можеби според некои доаѓа и малце касно, затоа што не одам по истото темпо како минативе 2 месеци, кога бившиов цреп ве навикна на обраќања секоја недела 😛

Шала на страна, пишувам статии само кога има потреба од тоа.. и еве ја.

Прво и основно, тренинг војните продолжуваат како и вообичаено и досега без никакви проблеми. Деновиве Влада се одлучи за мала промена во текот на востанијата, и динамиката на која тие се одвиваат, така да, како што ве предупредуваме на Државниот Ѕид, така и во статијава, НЕ поддржувајте востанија на своја рака, пратете постови на Државен Ѕид од членови на Владата, успешните востанија ќе бидат навремено објавени. Се надеваме иницијативава ќе вроди плод.



Нормално како и секогаш, во екот на тренинг војни апелирам да се ојачате, фармате и наштанцате златници и чоколади, затоа што ќе ни требаат.

Друга работа; ако не се лажам веќе нешто повеќе од 2 месеци трае финансиската поддршка од државата за активните авијатичари, но според мене лично, не гледав некои позначајни резултати, за жал.

Минатава недела се потрошија дури (скоро) 200 илјади денари финансирање – најмногу досега, откога се оддржува акцијава.
Детали околу тоа може да погледнете овде:

Нова влада, стара шема - прва авио поделба [МЗИ]
erepublik.com/en/article/2666771

Затоа деновиве се одлучив да ве ставам на тест. Романија ионака се соочуваше со проблеми во нивните директни војни со јужните, бидејќи прават ресет на регионите, па беше одлична мета за тестирање.

Вчера, битката беше многу потешка, со тенкање и КО од спротивната страна, па оставив 100 илјади КО на 55% за сите играчи со Македонско државјанство, и резултатот беше следниов:





Денес, бидејки битката беше од среден приоритет, ставено беше 50 илјади денари КО на 100%. Резултатот денес:


Два пати по ред скоро иста штета направена како самите Романци, два пати по ред Македонија втора со најголема помош за сојузник.

После долго време, Романците денеска после оваа битка, не ставија и во МПП листата на земји кои може да пукаме без да треба да се селиме. Тоа само по себе кажува доволно.



Ова ми даде идеја, и сакам да размислите добро пред избрзано да коментирате.
Бидејќи Македонија е сепак релативно слаба земја во однос на играчи/ресурси/фирми/данок – сите поврзани едно со друго, невозможно е на долг рок да го издржиме тоа темпо по 200 илјади денари неделно да се одделуваат за помагање на авијатичарите, и вака да се става КО по битки за да пукате. Треба да размислите дека треба да насобереме пари и настрана, да имаме за заштита или офанзива, во зависност од потребата. Моментално имаме 2 и ипол милиони во Банка.

Е сега, гледајки ја големата заинтересираност и ефикасност последниве два дена од редењето КО само за Македонци во сојузнички битки, го предлагам следново:

-Ќе се потрудам во секоја важна битка за сојузниците да има такво КО (за Македонски државјани) како што беше случајот денес и вчера

-Или ако нема важни битки за помагање на сојузници, КО ќе има во Македонските битки

-Финансирањето на авијатичарите што се спроведуваше досега, ќе продолжи по ист тек

-Данокот да се врати на 5%

Го чекам вашето мислење во коментар; тоа е мислам се за ова обраќање.. во брзање ја пишувам статијава, ако сум испуштил нешто ќе изменам после.



Со почит,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп