Моментална состојба во Македонија и надвор од неа[МнР]

Day 3,729, 17:06 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Добро вечер Македонијо.
Гледаме дека Македонија повторно стапува на здрава нога.
Почнавме месецов навистина бурно, Бугарите под окупација од Турција при што мораше да се бара излез за тоа.
Нашиот Пакт за ненапаѓање со Грција истече па направивме контакт БГ-МК-ГР, се со цел да го продолжиме овој пакт.
Грците секако не се согласија,а како причина за тоа беше Турција. Грците сакаа да ја инволвираат во Напот и Турција, при што на тоа не се согласи Бугарија.
На тоа Македонија немаше никаков избор, и секако за нашите сојузници ние мора да сме тука при што следуваше напад над Турција.

Успешно заврши и таа акција, можиме да кажиме нашето го сторивме, иако можеше истото да се заврши и без војна уште на самиот старт.
Како и да е Турција и Бугарија сега имаат Нап и работата таму е смирена.

Во понатамошниот тек од настаните видовме Унгарија како изигра, т.е успеаа во намерите и ние заминавме од Арабија.
Навистина доста лесно се одкажавме, ама мора да ставиме во факт дека и ицрпени бевме, а и немаше промо на енерџи барови при што моравме да сочекаме.

Со сојузот подоцна се организира одлична Акција, каде што Унгарците изгубија доста колонии.
Можам да кажам воопшто не ми е мака што ги изгубивме колониите во Арабија, бидејќи Унгарија изгуби доста повеќе од нас.

Следуваше потоа акција во Тајланд каде што од утре стартоваме со Тренинг војна.
Работите таму сега засега се мирни, и средени. Верувам дека ќе печалиме доста од ова, а и добро е менавме малце клима.

Остана уште да искористиме шанса да направиме уште една тренинг војна.
Се бараше и беа контактирани доста земји. Австралија, Мексико во првите неколку реченици не одбија.

Е сега се случи нешто сосема поинакво, каде што ние искористивме шанса и прилика.
Видовме дека Хрватите храбро после Нападот од Уса врз нив, се решија да возвратат на Уса.
Со оваа битка искрено видовме колку земји и луѓе ја хејтаат Уса заради нивниот двосед т,е две столчина. Се тенкаше премногу и на крај Хрватска успеа да ја добие битката.
Колониите кои што ги имаше УСА почнаa да ги губaт.

Видовме што се дешава во Нов Зеланд и потоа Македонија веднаш реагира при што добивме зелено светло и од владата на Нов Зеланд. Авионот се наполна за брзо време благодарејќи на МнП и секако сите оние кои донираа леб. Сега моментално се чека законот и во скоро време би требало да имаме напад со кој ќе ја отвориме и третата тренинг војна.
Верувам дека ќе има сега место за сите да прават алтани.


Хрватска моментално е нападната од неколку авионски напади и топ тема беше денес по шаути.
Ќе има доста битки деновиве, кои навистина ќе бидат интересни.

Како заклучок на сето ова.
Позитивни
- Ја ослободивме Бугарија
- Имаме 3 тренинг војни
- Им растуривме неколку колонии на Унгарија

Негативни
-Ја изгубивме Арабија.

Мислам дека билансот е океј, така да може да се смета како добар и солиден мандат.
Во врска со следниот мандат, ќе се потрудиме да имаме еден активен мандат.
Сега сме повеќе луѓе во МоФа тимот што е и тоа како добро особено за мене, дневните обврски ме убиваат па се трудам максимално кога сум слободен да му помогнам на Претседателот.

Со почит
MoFa
Phantom MKD


За шаут
Моментална состојба во Македонија и надвор од неа[МнР]
https://www.erepublik.com/en/article/-1344-2663484/1/20