Прво Претседателско [Лејди]

Day 3,487, 23:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро Македонци о/

Најпрвин сакам да ви се заблагодарам за безрезервната подршка и покрај тоа што не напишав кандидатура.
Месецов нема да измислуваме топла вода. Ќе ја стабилизираме тренинг војната со Индија, ќе фармаме, ќе помагаме на сојузниците, ќе работиме на авијацијата….

За тренинг војната со Индија:
Најубаво би било денеска после смена на ден да дигнеме востание во Керала,да го ослободиме и веднаш после тоа да дигнеме следно и во Карнатака. Нема да пуштам НЕ на Индија додека немаме минимум 2 слободни региони.
ХЛ ми бара уште една тренинг војна.
Со соседите немаме баш многу избор, единствена опција е да летнеме некаде (како пример беше спомената Мексико). Јас лично сметам дека е скапо државата да лепне 600-700 илјади денари за АС. Доколку сакате втора тренинг војна, повелете, наполнете го АСот и ќе летаме.
Имајте на ум дека овој план може да се промени доколку некој се осуди да не нападне.

За Грција: Сакам да си достојам на зборот дека НЕ САКАМЕ вечна војна со нив, а и на Бугарите им оди добро.



За авијација: SudacaMKD ми се обрати со конкретен предлог за организирање на авијацијата. Да бидеме реални, очајни сме на тоа поле, а 22 поени не се за фрлање воопшто. Додека бевме во Аргентина 95% од парите потрошени за КО одеа во авио битките.
Проектот ќе го објавиме во МоД весникот во некој од следниве денови (да го финализираме) и SudacaMKD ќе биде одговорен и ќе раководи со него. Ќе има награди за најдобрите на неделно ниво, ќе има награди за активните авијатичари, за секој нов ранк и уште неколку други опции. Сите сте добредојдени со идеи и ваши размислувања о/
Знам дека ми требаше повеќе време бидејќи одамна се тегнам со проектов, ама бевме во војна и државата не можеше да си дозволи никакви странични финансирања.

Исто така планирам да продолжам со водење на евиденцијата каде одат парите од државата во истиот документ од порано.

Нема да престанам да ве терам да доаѓате на дискорд за муабет, организација, наредби, рв-инфо….

Апел до конгресмените: Ги молам да го прифатат моето понудено пријателство, за да направам групни пораки. Не е интересно вака, немам кај да ве спамам 😛



Тоа е се, сега за сега.

Вашиот еПретседател
Furious Lady

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !