Орден Народен Херој

Day 3,015, 05:42 Published in North Macedonia Nigeria by Partisan Fighter





Орден на народен херој — воено одликување што се доделувало во СФР Југославија. Тоа се доделувало на поединци, воени единици, како и на политички и други организации за особени или херојски дела за време на војната и мирот. Најповеќе ордени се доделени на партизаните од Народноослободителната борба во текот на Втората светска војна. Доделени се вкупно 1.332 одликувања во СФР Југославија, а 17 се доделени на странски државјани.

Носителите на орденот уживале одредени привилегии како што се: бесплатно користење на јавниот сообраќај и пензии за членовите на семејството на починатите херои. Иако после распадот на СФРЈ привилегиите се значително намалени, сѐ уште државите создадени после распадот на СФРЈ на народните херои им даваат одредени бенефиции. Многу училишта и улици во повоена Југославија се именувани според имињата на народните херои, а многу од нив се задржале и во новосоздадените држави.