Вера Ацева

Day 3,013, 23:09 Published in North Macedonia Nigeria by Partisan Fighter




Роден на 24 ноември 1919
Роден во Ореовец (Прилепско), Кралство СХС
Починал на 10 ноември 2006 (87 год.)
Починал во Скопје, Македонија
Професија работничка

Вера Ацева - Доста (Ореовец (Прилепско), 24 ноември 1919 - Скопје, 10 ноември 2006) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија.

НОВ
Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум.

По ослободувањето Ацева врши повеќе раководни функции. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје. На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избрана во Централниот комитет на КПЈ.

Во март 1949 година, при реконструкцијата на Владата на НРМ, е избрана за министер за земјоделство.[4] Во Владата од 1951 година е избрана за министер - претседател на Советот за народно здравје и социјални грижи. Избрана е за член на Извршниот совет од февруари 1953 година, од декември 1953 година и од 1958 година. На 27 септември 1960 година е разрешена од должноста претседател на Републичкиот Совет за социјална политика и комунални прашања.[5] Потоа била член на Сојузниот извршен совет. Била пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ.

Во 1960 година Ацева доаѓа во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија, Лазар Колишевски, обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски - Бато ги донесува одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ. На седницата од 18 октомври 1960 од Белград доаѓа Александар Ранковиќ, кој застанува на страната на Колишевски. Ацева е принудена да се повлече и е преместена на работа во Белград.

Во 1991 година ја објавува својата книга „Писмо до Светозар Вукмановиќ – Темпо“.

Одликувања: Орден народен херој , Орден на трудот со златен венец, Орден заслуги за народ со златна звезда, Орден за Храброст ,Орден братство и единство .