Кој како го добил Никот [Фантом]

Day 2,737, 07:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Phantom MKD


Eпа денес немав друга работа па решив да седнмам малце да протумачам кој како го добил никот.
Ќе биде интересна статија, земете си пуканки троа HD наочара со помал или поголем диоптер и читајте.

Кој како го добил Никот?
Се зборува дека зад секој ник во играва има посебна легенда, така и денешнава приказна.

=============================================================================
Ќе почниме со нашиот бренд број 1

ScymeX.



Сите го знаеме кој е. Сите еУчебници денес по историја пишуваат за нашиот најголем тенк. Навремето страв и трепет за многу луѓе, како зделни ми го од Хрватска, Мегалекроасанос од Грција и многу други.
Според преданието се зборува дека кога бил мал, толку многу го налјутиле што неговите раце почнале да светат. Почнал да вика на сиот глас, и бааамм светлечка силна молња светнала од небото и го погодила него. На небото (sky) од каде што била молњата се означила точката Х. И тогаш некој човек кога ги видел сите тие работи извикнал Sky-meX и така дошло неговото име.

============================================================================

Aexil Kong



Според легендата тој живеел во некоја голема џунгла. Во џунглата тој ловел само вечерно време, бидејќи неговото тело било сето црно, па можел лесно да се камуфлирви низ шумата. Арно ама еден ден во шимата се изгубило некое момче по име Аексил. Шетало тоа момчето низ шумата и го здогледал големиот ѕвер.Разменале погледи меѓу себе и момчето од страв почнало да бега. По пат момчето било нападнато од 2 змии, но големата ѕверка го одбранила. И така тие двајца се здружиле. Но после некое време, луѓето од градот почнале да го бараат момчето, започнале потрага по него и го нашле заедно со големиот ѕвер. Тогаш командантот на луѓето рекол мораме да ја фатиме оваа ѕверка. Голема е може доста пари да ни донесе. Ѕверот Храбро се бори, но подоцна го фаќаат и го носат во својот град.
Таму почнува да се одржува шоу и главна атракција е Ѕверот.
Но работите ќе се влошат тој ќе избега на највисоката кула и таму ќе се бори со Авионите, каде што подоцна паѓа и умира. Народот го нарекол Аexil поради името од детето, и направил повеќе филмови за него како Кинг Конг и слично.

============================================================================

Mane Komita



Според легендата и преданието тој кога бил млад бил земен да бидит писмоносец во Крушевската Република, каде писма добивал од најголемите војводи и комити. Е арано ама еден ден републиката била нападната и биле под опсада, а од оздола иделе двајца турци кои имале за задача да го нападнат Јане Сандански. Арно ама во тој момент нашиот Писмоносец Мане, ги видел двајцата турци и ја зел малихерата од под перница и бам бам 2 крушуми ги сплујал Турците. И од тој ден наваму народот го завикал Мане Комитата. Арно ама денес нема повеќе крушевска република па место писмоносец, сега разнесува јадење и кафе по кафичите и зема солидна Македонска плата, и ако го прашаш за крушевска република, востние или пак Combat Order ќе ти рече "Уште е време Комитско".

============================================================================

Unistuvac MKD



Според легендата и преданието, тој бил доста умно момче, и доста вешт како мал со тенгала на пацки, стрели па дури и копје. Секогаш носел нож во него за во случај некој торта дан извајт 😃. Како и да е откако порастил и ги усовршил своите вештини бил земен да служит војска, каде бил специјалист за специјални задачи. Умеел да преживее и на наекстремите температури и измачувања. Еден ден го викнале во Авганистан на специјална мисија, да се бори против Руска инвазија. Таму тој успеал да влезе и да уништи огромни руски чети, како и нивни кампови. Народот бил ослободен и спасен од Заробеништво, и него му го дале името Уништувач.
Денеска можите да го видите во филмот Рамбо 3 како вози тенкови, Чапери и секако Коњи. Денеска е прв ветеран во Македонија, и почитуван со сите можни почести.
Отворете кај него значките повеќе светат и повеќе ги има.

============================================================================

Prokopie



Неговата легенда е поврзана со Олимписките игри. Неговото семејство било доста сиромашно, но тој бил доста силен дечко, кој уште од мал гаѓал со копје и учел стрелаштво за да ја прехрани својата фамилија. Еден ден му здодеало сето тоа и решил да се проба на олимписките игри. Зел ножот изделкал еден Стап и мавал 10 дена во една точка за да се тренира. После тоа тој тргнал, по пат одел на Магаре бидејќи тоа денес е најекономичен превоз и стигнал. Кога дошол на олимписките влегол да се наппреварува во фрлање копје. Стигнал во финалето каде се борел против гркот N4Глупчо. Глучо добил 3 копја а младото момче побарало само едно.
Фрла Гркот 3 пати промаршува, и бааам фрла дечкото директива в центар и народот го завикал про -копје или денес познат како Прокопје.

============================================================================

Македонец21



Оваа легенда е сосема поинаква, но и тоа како поврзана со Македонија. Навремето уште од како бил мал, Јане бил силен дечко, со полна снага и секако десната рака поголема од левата. Како и да е со неговиот татко работеле во својот дуќан и еден ден дошле Турците Арачи кои собирале злато и пари. Таткото на Јане ги платил Алтаните иако младиот Јане доста се бунел на сето тоа. Еден ден него му здодеало па решил да се пријави во Организацијата на Македонија. Таму не бил сам имало уште 21 други борци кој биле како него.
Биле пуштени во кичевскиот округ да се борат против душманите. Храбро се бореле сите, и го поразиле душманот но само Јане останал жив. Народот денес го знае под името Македонец21 бидејќи бил прав македонец, а тоа 21 му е луѓето кои храбро го дале животот за Слободата.

============================================================================

Green Astronaut.


Се викал Јуриј Алексејевич Гагарин и неговата легенда е сосема поинаква, се зборува дека имал полно играчки дома од кои највекето биле Авиони и имал огромна страст за летање. Навечер гледал во ѕвездите и сакал еден ден да лета таму. И така млад дечко надежен се впишал на факултет за Астрономија, учел, дипломирал, завршил и сега време е работа ова она.
Сосема слулајно неговиот просек бил поголем од другите п.с затоа што спиел со професорката, па успеал да се протнит и да биде испратен на првата мисија за месечината. И така тој со авинот полетал и бил првиот човек кој стапнал на месечината. Но веќе знаете слаб ученик бил, па ко ги купвел патиките не приметил дека испуштаат некоја зелена течност, па кога стапил оставил зелени стапки по месечина, па народот го нарекол Green Astronaut. Денес можете да го гледате во филмовите Аплоо 1,2,3 и така натаму незнам колку беа.

============================================================================

TheDragon



Е оваа легенда датира уште од времето на деда Ное(денес препраен во деда мраз)
Се почнало вака.. Било тивка вечер во која што деда ное добил порака од дедо Боже каде што му било речено вака :
"Чедо Божјо на земјата ќе падне голем дожд и ти мораш сите животни да ги спасиш.
Ќе одиш се дури до Македонија каде што ќе најдиш еден змеј кој чува јаболкница. Ќе му земиш едно од јаболката и тој змеј ќе се претвори во момче кое што ќе ти помага да ги спасиш сите животни. Но внимавај, ако скинеш повеќе од 1 јаболко ќе бидеш изгорен"
И така дедо Ное тргнал по пат и успеал да стигнит до јаболкницата.. а таа сјаела со сета божествена убаванина, и била толку многу примамлива што тој морал да ги врзи своите очи па да скине јаболко од дрвото. И така тој хабла, хубла, хип, хап, бап скинал едно јаболко. Змејот се претворил во момче и тогаш дедо ное незнајќи какво име да му даде го нарекол theDragon -Змејот.
Денес можете да го најдите во филмот Хобит каде место Јаболкница чува Злато.

============================================================================

Во наредниот број уште некое име ќе вдениме.

Засега толку 😃
Иначе ништо лично, статијава е да се насмејме и да ја тепаме досадата на ереп.

о7

Фантом.
============================================================================

За Шаут

Кој како го добил Никот [Фантом]
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2525007/1/20