Нови промени Ден 1297 од новиот свет!

Day 1,297, 04:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Cyril of Macedon Jr.


Како што сите можете да забележите од сабајлинава се воведени нови пормени во еРепублика! За нас најбитно е што лимитот за здравје од 300 дневно се зголеми и сега (барем кај мене) е 450 – од кои 400 доаѓаат од новата зграда Градски Центар (Town Center) која админите ја вметнаа на нашето земјиште. А 50 здравје за користење доаѓаат од специјална зграда која админити ни ја дадоа како подарок!

Оставена е и можност истиот лимит да се зголеми на 550 бидејќи градскиот центар е од Level4 (претпоставувам дека сите добивме ист – доколку некој има послаб квалитет нека пише во коментари) и истиот може да се надгради ако се исполнат следниве услови:
-Играчот да има минимум 22 Level!
-Да има Фабрика за Оружје од минимум квалитет Q2!
-Да има на неговото земјиште Рудник за алуминиум!
-Исто така за надградбата се плаќа и 1000 МКД!
Значи со надградување на Центарот се зголемува лимитот за искористено здравје за дополнителни 100 дневно!
Друга промена е тоа што се зголеми продуктивноста во компаниите и се отстрани работниот скил!


Ист е случајот и кај фабриките за оружје!
Сега продуктивноста зависи само од бонусот на државата според достапноста на ресурсите! За возврат за изгубениот Work Skill сите добивме на поклон неколку Energy bars (чоколатца по наше) Бројот на добиените чоколада зависи од нивото кое го имал играчот (Expert, Master, Guru…..) Па така се добиваше по 1, 5, 10 или 15 чоколада!
Уште една промена е тоа што државјанството на секој играч е приватна работа и не се гледа од страна на другите! Се гледа само неговата моментална локација!
Како ќе влијаат сите ови промени останува да покаже времето! Не сакам да навлегувам во анализи но мислам дека ќе настане хиперпродуктивност и цените на продуктите вртоглаво ќе паѓаат!
Поздрав и шаут кој сака!

Нови промени Ден 1297 од новиот свет!
http://tinyurl.com/promeni1297