[НОВИ ИГРАЧИ]10 работи кои ќе ви помогнат во еРепублик

Day 1,273, 15:52 Published in North Macedonia North Macedonia by MacedonianSoldierAlexander


РЕОБЈАВА

Најпрво сакам да Ви посакам едно искрено добредојде во играва. Овој артикал го пишувам со цел да Ве запознаам со механизмите на играта, како и да Ви олеснам при играњето на истата.

1.Форумот на ерепублик
Ова место треба да е првото место кое ќе го посетите од кога ќе го креирате Вашиот играч. Тука можете да најдете секакви новости и тотуријали во врска со играта.
Официјален форум на ерепублик
Официјален форум на еМакедонија

2.Поканете ги Вашите пријатели
Ова е добра идеја за да добивате одредени бонуси во играта. Треба да бидете сигурни дека Вашите пријатели ќе ја прифатат понудата и ќе се регистрираат во играва, со што вие ќе добивате одреден износ на злато кој ќе можете да го искористите во играта за формирање на компании, формирање на политичка партии или да го замените со Вашата локална валута.
Поканете ги Вашите пријатели тука

3.Најдете си работа
Работа можете да најдете со одење на toolbar-от Market и потоа отворете Job Market, таму можете да најдете работа во зависност од вашиот економски левел. Кога ќе се одлучите за одредена понуда притискате Apply и се вработувате во компанијата.

4.Работете секој ден
Ова е многу лесна задача, но треба да бидете сигурни дека ќе работите секој ден. Едниствено што треба е секој ден да работите, со што добивате плата и го зајакнувате вашиот економски левел.
Можете дирекно да пристапите до вашето работно место со одење на toolbar-от My Land и потоа одите на компанијата каде работите и избирате Work. Доколку не сте задоволни од вашата плата, можете да дадете отказ во компанијата каде што работите со притискање на Resign, или да му пишете приватна порака на вашиот менаџер да ви ја зголеми платата.

5.Тренирајте секој ден
Една од најважните работи во ерепублик е тренирањето. Со тренирањето Вие станувате посилни и можете повеќе да помогнете на Вашата држава кога сте и најпотребни. Тука можете да тренирате со "бустери" (10%, 50%, 100%, 200😵 од кои ви даваат повеќе сила, најисплатлив е бустерот од 0.19 злато или 50%.

6.Гласајте на избори
Изборите се случуваат еднаш во еден месец, односно претседателски избори на 5 секој месец, партиски избори на 15 секој месец и конгресменски избори на 25 секој месец.

7.Внимавајте на Вашето здравје
Една од работите на кој треба да внимавате е Вашето здравје. Ви препорачувам да не се борите додека не достигнете левел 16 бидејќи не правите голема штета и залудно го трошите Вашето здравје или доколку се борите секогаш внимавајте да имате храна или пари за да се излечите за наредниот ден.

8.Отворете весник
Ова е одличен потег доколку уживате во пишување на статии. Весникот можете да го отворите доколку имате 2 златника одејќи на Create Newspaper. Исто така ова може да ви користи доколку сакате да ја рекламирате Вашата компанија, партија или Вие како иден политичар. Со ортворање на весник и пишување на статии вие можете да добиете Претпалти (subscribes) и Гласови (votes) со што вашиот весник ќе стане се почитан.

9.Влезете во политичка партија
Ова можете да го направите во било која партија, потребна е само вашата волја секако. Ако се гледате како иден политичар, зошто да не се приклучите на некоја партија и да се кандидирате за локалните избори - можеби Вие сте тој што може да направи вистински измени.

10.Претплатете се и гласајте на весници кои ви се допаѓаат
Ова е можеби најдобриот начин да бидете навреме информирани за случувањата во вашата еДржава. Се што треба да направите е да се претплатите (subscribe) на некој од весниците со што автоматски ќе ви пристигнува секоја нова статија на истиот.

Благодарам што го прочитавте ова и ве молам за глас и претплата за да го видат повеќе луѓе ова.


MSA NEWS
MacedonianSoldierAlexander

Ве молам да ја гласате статијава со цел да ги запознаеме новите играчи со играва