Нови промени на ден 1,680

Day 1,680, 07:27 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво Македонијо,

Статијава ја пишувам за да ви ја објаснам новата воена промена од страна на админите. Станува збор за Rocket Factory.

Со поседување на Rocket Factory ќе бидеш во можност да произведуваш свои сопствени ракети кои ќе ти дадат поголема штета во една битка. Со цел да се произведе ракета секој ден ќе ти треба одреден број на оружје Q1 - Q6 како и валута која ќе биде потребна за ракетата да се изгради.





http://prntscr.com/b5hzs ---> Колку ресурси ти се потребни за да ја направиш ракетата


Напомена: Не можеш да го користиш оружјето кое е веќе искористено.


Својства на ракетата:

1. Штетата ќе биде додадена во штетата на една битка, како и во Battle Hero и Campaign Hero.

2. Не се доделуваат ранг поени.

3. Штетата ќе биде додадена на True Patriot медалот.

4. Штетата ќе биде додадена на Top Damage медалот.





Како да направиш своја сопствена фабрика за ракета:

Можеш да ја најдеш фабриката за ракета во Advanced Building page. Ракетата може да се направи во вашиот Storage.

Со цел да започнеш да произведуваш ракети ти ќе мораш да ја надградиш фабриката на левел 1. Надградбената опција е заклучена согласно со дивизијата во која се наоѓате, како во табелата подолу. Значи, за да можеш да ја надградиш својата фабрика, ти ќе мораш да го надградиш и својот левел како и да преминеш во друга дивизија.

ТАБЕЛАТА: http://prntscr.com/b5i1x

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

МОЖЕШ ДА ПРОИЗВЕДЕШ САМО 1 РАКЕТА НА ДЕН

НЕМОЖЕШ ДА ИМАШ ПОВЕЌЕ ОД 1 РАКЕТА ВО ТВОЈОТ СКЛАД, ОДНОСНО МОРАШ ДА ЈА ИСКОРИСТИШ РАКЕТАТА ДОКОЛКУ ПРЕТХОДНО ЈА ИМАШ ЗА ДА НАПРАВИШ НОВА.