МТО + ПИВОФЕСТ ПРИЛЕП = Традиција!

Day 2,429, 07:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Alexander Macedon




Реобјава на статијата од Aminta

Здраво-живо пријатели,

После подолго време најавувамe уште една голема еРепублик собиранка во Македонија - ПИВОФЕСТ ПРИЛЕП 2014 !
Сите што беа лани знаат колку добро си поминавме па затоа и оваа година, втор пат по ред Ве каниме сите добронамерници да ни се приклучите на големата собиранка во организација на МТО и за овогодишниот Пиво Фест 2014 во Прилеп. Еве мало потсетување на ланскиот Пивофест и атмосферата таму.
Голема благодарност до домаќините Прилепчани за одличната организација, пречек и дружба: Alexander Macedon Papa Smurf predragmpd GhostMKD ... Годинава доаѓаме повторно и побројни.... така да мислете му ја! 🙂

Оваа голема еМакедонска собиранка прераснува во традиционална што ни е многу мило. 🙂

Најава:
http://youtu.be/Vts_yONRvIo


Програма:
Големата собиранка ја закажуваме за Сабота 19.07.2014 година а ова е програмата на Пиво Фест Прилеп тој ден:




Организирани групи ќе доаѓаме:
-од Скопје со воз како и лани (времето на поаѓање дополнително ќе го утврдиме), --од Штип и Охрид во сопствена режија,
-во наредните денови очекуваме да се пријават и други групи од другите делови на Македонија па кој е заинтересиран да нис е приклучи нека се пријави кај Aminta за да пробаме да му најдеме превоз.
- Прилепчани, контактирајте ме за организација 😛

Збирно место:


Што ќе се пие - изборот е ваш:



Реквизити:
Годинава и дефинитивно ги пуштаме во оптег официјалните МТО маички со кои го отвараме долго очекуваниот МТО ФАН КЛУБ. Благодарение на Персеј Македонски за почеток ќе ги имаме спремни и испечатени прво маичите за овогодишниот фестивал. Сите заинтересирани за МТО маичка која чини 300 денари нека се пријават со пополнување на овој Формулар .
Оние што ќе се пријават на формуларов за маица ќе има можност да им се направи custom маица со нивниот ник на играва покрај грбот на МТО.



Тие што нема да можат да дојдат на Пиво Фест ќе бидат контактирани и маиците ќе им бидат поделени дополнително.

Останува на Вас да дојдете и во добро расположение, големо друштво и неколку големи кригли пиво да си поминеме и годинава незаборавно!


This is what eRepublik is all about!

Till next time,

Светско а од Прилеп... Маја Илиоска 😛


Alexander , Aminta , MTO & Friends ...