Време е за промени... [Претседател на Македонија]

Day 2,366, 02:59 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав Македонци каде и да сте!

После 7 дена поминати на Претседателска функција и се што видов на чат каналите морам да кажам дека е време за промени. Тоа што ние го мислиме за нас и тоа што преставува реална слика е сосема различно.

Не сме таа сила која што бевме пред година дена, не сме страв и трепет за непријателите, не сме играчи на глобално ниво а во очите на еСветот сме држава на рамниште на Франција,Кипар... НО, дали можеме да го промениме сето тоа? Дали можеме ние да се промениме и да играме за Македонија а не за нас самите како поединци? Дали можеме да се вратиме како силна држава која што секој би ја посакал за сојузник?

Јас велам дека можеме доколку сакаме !!!

Имаме сериозен проблем! Тоа се нашите мили и драги јужни соседи, кои како и во РЛ така и овде во играва се поголеми дипломати од нас. Седат на две столици – официјална Влада која е во Астерија и Терористи кои се про-Сириус/Аурора и апсолутно никој не сака да ги чепка и секој ги сака на своја страна. Но кој губи од сето ова ? Се разбира ние. Немаме оригинални територии. Неможеме да собераме даноци и економски да зајакниме. Едноставно некој би рекол ( а ми рекле ) седете си во Австралија и не ги чепкајте. Но ако не ги чепкаме што ќе добиеме со тоа ? Тие ќе си го зацврстат статусот а ние ќе тонеме.
Се сеќавам на првата војна кога цел ONE се плашеше од нив но војна која ние ја добивме и кога ги покоривме и држевме окупирани со месеци. Можеби не сме силата која бевме НО не сме ни толку слаби да не гледаат со потценување. Никој нема да ни помогни да се вратиме силни на мапата на еСветот доколку ние сами не си помогниме. Мораме да покажеме дека сме силни и мораме да покажеме дека јужниве не се толку силни колку што се прикажуваат.
Тоа го можеме заедно и сплотено.
Тоа го можеме доколку сакаме.
Тоа го можеме заедно со нашите пријатели кои ја напуштија играта и ги оставија профилите да им еУмрат...



Време е за промени мои драги пријатели.
Време е секој од нас да ги повика старите пријатели и познаници кои ја играа оваа игра повторно да се активираат.
Време е за нов Ел Че Г, нов Воикс, нов ФениксМК, нови херои, нови мотивирачки статии.
Време е да не гледаме во минатото туку во иднината.
Време е да ја свртиме играта во наша полза.

Многу играчи ми се обратија со идеи за подобра еМакедонија, но ни требаат уште нови и свежи идеи како повторно да бидеме силни. Една од многуте идеи Ви е презентирана преку МЗИ - Линк и затоа Ве замолувам успешно да ја спроведиме. Знам дека можеме да се организираме на овај начин и знам дека вака можеме да си помогнеме.

Никој нема право да ни кажува како да ја играме оваа игра затоа што ние сме Македонија!!!


We of Macedon for generations past have been trained in the hard school of danger and war...

Alexander Macedon