Кандидатура за Претседател

Day 2,355, 16:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Alexander Macedon
Поздрав Македонци каде и да сте!

Прва статија која ја пишувам иако играм 4.5 години, но како викаат најдобрите статии се пишуваат со посебен повод.
После долги разговори и добра анализа со моите најблиски пријатели решив да се кандидирам за Претседател на еМакедонија.
Зошто ?
Затоа што имам слободно време, ги познавам механизмите на играта и верувам дека заедно со сите Вас, можеме следниот месец да го направиме интересен и успешен за еМакедонија.
Накратко ќе Ви ги преставам моите идеи и размислувања во кој правец би се движеле, нормално доколку бидам избран.

1. Надворешна политика
Ситоацијата во Аурора во моментов е одлична, како помеѓу самите членките така и на воено поле. Она што е битно е да ги зацврстиме добрите односи и да ја зголемиме меѓусебната доверба и комуникација но не само на државно ниво туку комуникација помеѓу нас и играчите од сојузничките држави.
Друго, не смееме да заборавиме дека ова е динамична игра и се случуваат брзи промени, поради тој факт мораме да одржуваме интер-персонални односи со старите пријатели со кои никогаш сме немале навредувања, тролања и непријателства.
Трета работа што е многу битна – Време е да го снема тој отпор што постои за склучувања на МППа со нас. Ќе работиме напорно за да ја подобриме нашата позицијата и конечно да почниме да потпишуваме МППа со земјите од Сириус.
2. Македонија и Конгрес
Битна тема, која за жал последнава година ни е приоритет број 1.
Териториите односно територијата во Австралија по никоја цена не смееме да ја изгубиме и од она што сум запознаен постои одлична координација со Чиле и Индонезија за зачувување на таа територија.
Нема да бидиме пасивна држава наредниот период, ќе правиме и тоа какви проблеми на јужниве, ќе им помагаме на нашите сојузници и пријатели и во зависност од настаните кои ќе следат ќе ја креираме и нашата позиција.
Македонија и Конгрес е пред се и јас и мојот тим ќе направиме се што е во наша можност за да остваруваме успеси.

Оваа игра ја играме за еМакедонија и тоа треба да е наш приоритет. Само силна и сплотена држава ќе не врати на старите славни патеки. Изгубивме премногу играчи изминатата година, затоа мораме да направиме се што можеме да ги зачуваме тие што останаа, а тоа можеме да го постигне ме само ако сме сплотени и имаме јасна визија како понатаму !!!

Тимот ќе биди преставен во мојата наредна статија, затоа ги повикувам сите Македонци кои имаат време и желба да и помогнат на еМакедонија и да учествуваат во креирањето на внатрешната и надворешна политика да се пријават и заедно да чекориме кон успех !!!

We of Macedon for generations past have been trained in the hard school of danger and war...



Ваш
Alexander Macedon