Реалноста, предрасудите и е- светов

Day 2,255, 06:21 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Кратко време сум овде. Велат секој човек за себе, но сепак ќе генерализирам по националност.

За грците: Како дете никогаш немав појдено на одмор во Грција.
Кога се осамостоивме сето имаше огласи од грчки фирми и така решив да учам грчки и пробав на интернет да најдам некој со кој ќе вежбам грчки, но... ме нападнаја, фиром, слав проституте, и така увидов дека од југов ама ништо не биле поарни од другите.
Се придружив на јаху ансверс и на секое споменување на нашата земја тие атакуваја, истото на хај5, пробав со репорт, но за изненадување,и најголемите атаци врз нашата земја беа игнорирани, додека нашите профили беа бришени без причини. Верувајте, тоа не беа дечиња како што некои ми велеа дека се расправам со деца, ги пронајдов, жена 5о годишна, професорка од Крит, и еден исто образован грк, уметник.
На хај5 беа бришени цели наши групи. Нивната стратегија е вешто осмислена, итри се, немојте да го потценувате непријателот. Не верувајте во нивната добронамерност, дури ако се членови на сириза. Имаат излез на море, на Европа и е од интерес тоа подрачје, дури и грциве да им се посерат на глава, тие ќе им простат.
Прават лажни српски, наши, албански и секакви профили, и провоцираат, многу од Македонците подлегнуваат на тие провокации лесно. И нешто што гледам најлошо кај Македонците: Се обидуваат на секој да му објаснуваат, иако не е заинтересиран. Ама на никого не му е грижа, а ако му е во 99% е лажен грчки или балкански профил. Потоа користат она Македонија не е грчка, самата негација им звучи потврдно на странците во потсвеста, подобро одговор на тоа е Македонија е на Македонците. Ама никогаш ако ве прашаат каде е Македонија, не ја споменувајте Грција, кажете на Балканот, објаснувајте со се друго, не ја споменувајте, проблемот со името, никако. Ако странецот е запознаен, ќе речете дека тоа е само мала група на грци,златна зора кои користат фиром, дури со полна уста испофалете ги другите колку се добри, гостопримливи и златни и дека користат Македонија, па и тие слободно можат. Тоа кратко и потоа заинтересирајте се за земјата на странецот, во скоро сите случаи имате повратен интерес. Напоменувам: Фалете ја со полна уста својата земја, но никако споменување комшиите.

За бугарите: Не знам многу бугари, не сум била никогаш. Имаше неколку на студии, ама тие се декларираа македонци и беа многу фини. На хај5 имаше војна со бугарите, а исто и на фејсбук има буквално војна, на хај5 бугарите дури делуваа заедно со грците, а на фејсбук има огромна група со карта каде Македонија е во бугарските граници. Во многу случаи ни пишуваат на бугарски и скоро ништо не ги разбирам. Затоа, овде се изненадив кога увидов дека тотално сме на бугарска страна. Немам ништо против тоа, но сепак треба да се држи некое растојание.

За србите: Можам да бидам познаничка, особено тие од Белград и Војводина ги има добри,навистина онлајн има многу кои не се мешаат во политика, велат сакаат македонска музика, соработуваат на колегијална база и исти интереси и слично.Но, југот и од Босна тие се повеќето сервос на грците како што ги нарекуваат самите тие грци. Во реалност,карактерот на женските претставници е чуден, обземеност со изглед и сакаат да се истакнат, додека машки не знам.
Сепак, внимателно, не се сите срби против нас, не напаѓајте на национална база, ако тоа не го прават тие.

За хрватите: Овде се изненадив дека има негативност спрема нив. Земјата им е прекрасно средена и скоро сите не поддржуваат. Се разбира, има мал број, но навистина не им од интерес да ги поддржуваат грцитe. Реално, сметам дека треба да гледаме наш поддржувач и да зајакнуваме пријателство.

http://www.macedonialovesyou.com/

грче фрче:


бугар:


србин:


хрват:


и се разбира нема позгоден и поубав од македонец: 🙂