Вонредно претседателско обраќање

Day 2,248, 16:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Драги македонци и македонки,


Можеби ова е моментот кој повеќето го очекуваа, распадот на TWO, ете се случи и тоа. Сепак премногу е рано да се дискутира на таа тема, барем јавно.

Сега е период во кој треба да се донесат паметни одлуки. Затоа, ќе ве замолам да ги смириме страстите и да не завземаме ничија страна. Сите карти се отворени и се е возможно. Имаме многу можности и опции и секако дека секој од нас го сака најдоброто, меѓутоа со несоодветни коментари и препукувања може да дојде до најлошото. Не избрзувајте!

Владата веќе подолго време е запознаена со распадот на TWO. Преговорите на оваа тема се започнати месеци наназад. Сите нејзини членови се во постојана комуникација, како помеѓу себе така и со земјите од интерес.

Ќе ве молам, да и отстапите простор на владата, да ја одбере најдобрата и најпаметната варијанта...

Ви благодарам однапред.