Последно писание за Заборавениот...

Day 2,236, 14:17 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

..и ветувам, ќе пишувам нормални работи, дури и ако се сетам на многу нешта.
Да, јас молчев, а сега викам за него, за Симболот на една изгубена генерација, и ќе замолчам потоа.
Да, се сетив, дури кога како многу малечки со високи температури чекавме кај докторот, а тој на мама, болно, болно е девојчето, се сетив и кога в Црква не легнаа едно до друго да не прескокнуваат Свештениците за здравје, се сетив и на еден роденден, му изведував таму класичен балет, се сетив и дека не венчаваа во игра, а немавме врска кои сме, па мајка ми нешто ми свика, и го заборавив,се сетив и дека во средно изигрував гледачка на дланка, и му ја видов кратката, но силна линија на животот, па велев нема врска, повеќе не гледам никому. Се сетив дека ме кодошеа кај него и ме мразеше, дека удри со неговата рака во мене, тогаш верував дека е случајно, но сега... не знам, дека удри со снежна топка по мене, а јас паднав, точен погодок за да изгубам рамнотежа, но не се сеќавам потоа, тој не се извини, а дали јас му вратив, не знам, само некогаш кога сум изморена накривнувам, и кога вежбам, ми крцка левиот колк, а се чудев од што.
И подобро, никогаш да не го најдев овде на интернет, па цела драма, да се расправаме, да се мириме, да си се исповедуваме, да се лажеме со премолчување, ги заборавив сите други пријатели, домот, реалноста, најважно беше да му пишам нему..цели четири години..и никогаш да не се сретнеме повеќе, ни случајно. Можеби тој ме видел, но не сакал да ми зборни, можеби ако се сретневме ќе исчезнеше цела таа прекрасна илузија на интернет.
Неколку дена пред да умре, му пишав дека нема што повеќе да си пишуваме, му посакав се најдобро и збогум, а во себе си реков, во душите сме поврзани тука, да, но телово мое по тебе страда, очиве мои сакаат да те видат, како дрога си, а морам за да живеам, пак да те заборавам. И го заборавив тие неколку дена сосема, за сега ... сега.. престанувам да викам, не велам нека почива во мир, зошто дел од мојата душа лежи заедно в гроб со него, а дел од неговата е во мене, зошто некаде далеку, кај ѕвездите и тој трошка ме сакал, и тој дел го нарекувам ВАЛИКИР...Толку!!!