Сеќавања како бранови изгубени во океанот, задоцнети дојдени на брег

Day 2,234, 04:26 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Си имав една цимерка штипјанка, но многу не ме сакаше, кој знае сакаше важна да се прави. Една вечер не знам како се сети да ме покани на роденденска журка во машката зграда во домот стив. И ај си имав едни изветвени фармерки, една црна ролка, си распуштив долги коси, малку кармин набрзина, спремна за една минута. Одиме таму, кога сето мои сограѓани и хеви метал, убајни. Сите играја, се туркаја, во кругот, само еден дечко беше така смирен, со пуцвал коса фатена во реп,стоеше и пушеше цигара, беше наспроти мене, и гледаше како да не постојам, буквално низ мене, кој знае каде беше со умот. Му дојде една бринетка со кратка коса и му се нафрли, собата се испразни, а јас упорно стоев и ги гледав, во чест на заборавениот не раскажувам што гледав, само не видов дали ќе се земат или не, спрема тој вицот, зошто го слушнав пијаниот глас на еден досаден, и почнав да мислам како да се изгубам, парот потполно го заборавив.Намислив да одам од другите скали. Ја летнав, ја сретнав цимерката кај што се слика, зедовме едно кадро заедно и си заминавме.
Дури сега се сетив.