Неее!!! Пак се сетив на Еден заборавен...

Day 2,233, 15:33 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Беше убаво време. Излегов малку в чаршија. Кога ги гледам моите школски од средно седнале пред еден кафич. Појдов накај масата и наместо за поздрав свикав во мој стил: Шо е море ова насред бел ден во 11 седнати овде? Не сте на работа??
Сите во еден глас ми одговорија немале работа, само еден непознат, само тој не ми беше школски, гледаше некаде во друг правец, очигледно не го сакаше моето однесување. Кога ќе направам некоја грешка, повторувам повеќе пати истото. Како бе така без работа, уште неколку пати, се поздравив со сите, на непознатиот човек му го кажав моето име.Тој стана, дури со наклон, ми ја прифати раката, го кажа своето име, дури и презиме, но чудно пак гледаше право пред себе. Јас како и обично имиња ни слушам, ако слушнам, заборавам.
Цело време се туфкав како не се сетив на попаметен муабет, истовремено заборавајќи го човекот како да не бил заедно со моите школски.
А сега ете се сетив.