Пуканки и бакшиш од еден заборавен

Day 2,232, 08:39 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Беше некаде 1997. Бев студент и си имав една златна цимерка охриѓанка.
Едно утро се разбуди како препалена и скокаше од радост, и текнало бизнис идеја. И што била работава, да правиме и продаваме пуканки. А мене ми беше интересно и ја прифатив идејава, имавме старо тенџере, плинско, ни фалеше масло, сол, пуканки и кеси. Купивме и тоа, ги направивме пуканкиве за мерак, и огромна кеса продававме за 30 денари. Тргнавме накај Кузман домот. Продадовме, скоро се и во една соба еден бушав дечко ама не фрли ни опул во мене, само да му се мавнеме, веднаш зеде, ни дава 50 денари, и цимеркава брзо мор кусур на дечкото, барам, му давам, вели не треба. Mу се запнав за кусуров, не сака. Си ги броевме парите задоволни, се договаравме да си ги потрошиме на зелено пазарче. Едно време по пат на цимеркава кој знае што и текна, мор онај бушавион те сакат, а јас мориии да речеше ме бендисува ај, ами ти ме сакет, не туку терај си мајтап со мене, тој ни опул не ни даде, гледаше побрзо сиктер да ни стори и не го знам чоеко, не туку вади муабети.
Си продолживме со други разговори и го заборавивме.
Сега се сетив.