ТЕМЕЛИТЕ НА ДРЖАВАТА

Day 2,227, 13:10 Published in North Macedonia Greece by kavadarci4ever
Државата претставува институција преку која еден народ по пат на договор функционира и во нејзини рамки ги остварува своите граѓански права но и ги исполнува своите граѓански обврски. Институционалното уредување на државата се канализира во политички рамки преку соодветни инструменти а политиката е најважниот момент во општењето на народот со државата и обратно, затоа таа преставува професија преку која се уредуват односите. Нашата држава ако воопшто имаме држава во моментов не функционира се поради суетите на одредени личности а верувајте не се малку многубројни се.

Востание преку кое конечно ќе успееме да дојдеме до посакуваната слобода. За да бидеме успешни мора предходно да бидеме добро подготвени пред се со нашиот морал и обединување крајно време е да ги надминеме недоразбирањата од минатото, ривалитетот што постои помеѓу личности и единици. Сите заедно да седнеме на иста маса да разговараме за се она што не прогонува, нема веќе време за чекање, колку покасно толку полошо.
Состаноци беа организирани од председателот на Македонска Обединета Алијанса во изминатиот период повеќепати на кои разговаравме за многу важни теми. Овде беа забележани голема незаинтересираност за преземање на значајни чекори во преструктуирање на нашето општество, вакво какво што е сите гледаме не дава резултати. Затоа ни се потребни реформи коренити кои ќе не воведат во нова ера на живеење. Во нашиот менталитет треба да се променат некои работи затоа јавно го повикувам председателот StrvleMKD да направи конкретни чекори во политичка смисла и да се активира што е можно повеќе.
Победата ако ја посакуваш таа ќе ти се случи во спротивно само порази ќе има за мене ова е повеќе од победа нешто за што сум сонувал. Недостижно а сепак толку блиско на дофат на дланки кога посакував и ми се случи. Народе македонски ќе имаш слобода само ако ја сакаш никој нема да ти ја поклони никој нема да ти ја подари сам ќе си ја земеш.