Безусловна омраза

Day 2,227, 06:57 Published in North Macedonia North Macedonia by valikir

Не сфаќам како на некои им се посветува внимание, почит, респект, а за возврат добивам навреди, омраза. Кренав раце и овде на интернет си најдов пријателки, пријатели кои не се такви. Дури добив објаснувања од што сум била грда, и тоа објаснение од возрасен човек. Одамна ги ставив тие луѓе надвор од мое внимание, или тие навредуваа, јас им возвраќав со комплименти, но тие беа премногу гласни, викааа, ги навредуваа моите деца, се дрзнаа да викаат по мене. Дали овие луѓе овде навистина заслужуваат да се наречат мајмуни, зошто колку што повеќе сакаат да ме убедат, дека јас не чинам, толку повеќе се убедувам дека нема ништо од поранешниот убав град, од старите граѓани, овде се наполнило со збироштина што заслужуваат да се наречат мајмуни. Но, јас нема да ги наречам така, прва можност и ќе заминам од овој град. Да, ми зедоа се, ми го зедоа моето родно место, нивје, куќа, но срцето дали можат?! Та не сме саде растенија, луѓе сме. А кога ќе исчистат се околу себе, ќе се прашуваат од каде им смрди пак, но нема да откријат заради својата суета.
Им простувам за се, но не заборавам, им испраќам бело знаменце и БЕЗУСЛОВНА ЉУБОВ.