Претседателско обраќање [ДЕБАТА]

Day 2,149, 15:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Почитувани граѓани на еРепублика Македонија !


Бидејќи предходно имаше многу галама од одредени луѓе за време на мандатот на Felllix во врска со прашањето за кредитот на Aminta Makedonecot, овој пат ве прашувам ВАС ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, дали сте согласни да му се даде 250,000 мкд на Aminta како долгорочен кредит да излезе од минусот кој му го наметнаа админите. Ова го правам по предлог на некои играчи, НО и по сопствено убедување, бидејќи го знам многу добро како играч, а и како личност во реалниот живот. Не е точно дека мешам реален живот и виртуелен, НО човекот помагаше на многу бебиња и не само на нив туку на сите што му побарале помош и редно е и ние некогаш во играва да направиме добро дело и тие виртуелни пари односно ПИКСЕЛИ да му ги дадеме и да го извадиме од калта. Тој има доста фирми кај него што припаѓаат на единицата МТО, и сега неможе да ги работи бидеќи плато направи измени со кои за секое работење ти зима пари, а Aminta е во минус со мкд и неможе никако да ги работи, не се исплати да ги уништи бидејќи се понатамошен капитал за враќање на кредитот. Исто така и на конгресмените им дадов документ да пополнат што мислат и колкава сума мислат да му одобриме. Еве ви го тој документ да можете да видите како иде гласањето на конгресмените. Ве замолувам и вас сите Македонци кои плаќате данок во оваа држава да го пишете вашето мислење за оваа донација. Да не заборавам и тоа дека на Aminta Makedonecot му е даден рок од 6 месеци да ги врати парите во Народна Банка на Македонија.

EDIT

Јас се извинувам што сум приморан да го затворам документот од конгресмените, но дојде до злоупотреба од страна на одреден(и) конгресмен(и) кои гласаа во име на другите и го нарушуваат самиот процес на ДЕМОКРАТИЈА. За одредено време ќе смислам начин да го надминам тој проблем и дотогаш оставам на вас да се изјасните.

Ви Благодарам на разбирањето