ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ПРЕДЛОЖЕНИОТ ДОГОВОР СО ГРЦИЈА?

Day 2,096, 11:19 Published in North Macedonia Mexico by darko888

Македонија во политичка криза.Ваквото сценарио започна вчера откако UNISTUVAC MKD во коментар на статијата "Македонци дали сте спремни" од Персеј Македонски обелодени дека Грција предложила НАП со Македонија а македонскиот народ не е запознает со таа вест.Овој коментар предизвика низа од негативни коментари кон македонската влада па дури и отвори нови мистерии со сомневање што се случува зад овој договор и што добива Грција од евентуален НАП со Македонија.UNISTUVAC MKD вели дека условите за НАП се:да ни ги вратат трите оригинални територии,ние да не креваме други востаниа,да не се бориме против нив во нивни битки а како гаранција ќе биде донирана одредена сума на пари во неутрална сметка.Претседателот Персеј Македонски ваквите обвинувања не ги негира и вели дека НАП од Грција е предложен но за прифаќање ќе бидела известена јавноста преку јавна дебата.Иако е непознато од каде му се изворите на информации на UNISTUVAC MKD таквиот коментар донесе до вербален конфликт со навреди меѓу претседателот и UNISTUVAC MKD.


Со официјална изјава излезе и поранешниот претседател Аkconel кој остро реагираше на предложениот НАП и беше децидно против таков договор.Освен предложениот НАП со Македонија,Грците предложиа НАП со Кипар кој би требало да биде прифатен од страната на Кипар.

Извадок од кипарски весник
Кипарците со известување во статија велат дека од нив било побарано како услов да не потпишуваат МПП со Бугарија и Македонија и да не не викаат Македонци туку Скопјани.Ваквите барања за Кипар биле неприфатливи затоа што никој од Грција неможе да му кажуваат што да прават и со кој да потпишуваат МПП велат од Кипар .Инаку во Македонија не се знае сеуште дали е или не е прифатен НАП со Грција од македонската страна,и дали е ова сценарио на Персеј Македонски во кое во ослободителното востание кое се спрема да биде ослободена Македонија со помош на НАП,македонските државјани да мислат дека тие се причината за ослободување на Македонија а притоа да незнаат за договорот со Грција со цел за политички поени на владата.

UNISTUVAC MKD во официјалната изјава за А1 децидно вели дека договорот е спремен и само се чека погоден момент за потпишување,а пак поранешниот претседател Akconel обвинува дека Персеј Македонски барал НАП со Грција лично тој од Грција.Allis Wonder пак во коментар вели дека NAP се планира една недела и се преговара во 8 точки кои се непознати за македонската јавност.

Во Македонија настапи политичка криза во која се закани претседателот на Македонија дека ќе се откаже од претседателската функција но сеуште не открива кои се условите и целосниот предлог од Мофа Тимот на Грција,не негира дека не било предложено и со одбрана дека ако имало таков договор македонскиот народ ќе бидел известен иако сеуште не е известена јавноста а поминало 1 недела од предлогот.Освен скандалот со НАП со Грција,политиката на дипломатија во Македонија ја нема.Амбасадорите за А1 велат дека сеуште во многу држави македонски амбасадори нема,а досега ниту еден амбасадор од пријавените во конкурсот на МОФА Македонија нема испаднато со официјална статија за случувањето во било која земја.За разлика од мандатот на Akconel амбасадорите кои беа пријавени тогаш имаа напишано голем број на статии,известуваа за случувањата надвор од Македонија,правеа интервјуа и ги зближуваа односите на Македонија со останатите од еСветот и тоа до 15јули го имаа сработено сето тоа.

Претседателот на Македонија денеска во статија "Конечно дојде денот кога Персеј Македонски ќе го нема" се откажува од функцијата претседетал на Македонија.Тој во писмената оставка вели дека ќе донира средства во фондот на Македонската Армија и на 22-23 ќе биде неговата последна битка.Исто така во статија вети дека отчет ќе направи и ќе го објави наскоро а играта ќе почне од почеток да ја игра од друг акаунт.Многу државјани беа лути на ваквата постапка и во коментар пишуваат Персеј да не ја напушта претседателската функција.Како и да е уште еден од низата на скандалозни мандати е и овој мандат.А1 уште во предизборието во статијата "Кампањи нема,избори има" предвиди дека е можно мандатот на Персеј да биде скандалозен.
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ОФИЦИЈАЛНИ СТАВОВИ ОД ГРЦИЈА ОЧЕКУВАЈТЕ НАСКОРО НА А1 ВО СЛЕДНАТА СТАТИЈА.





КЛИКНИ ТУКА И ПРИДРУЖИ СЕ ВО COT YOUNG FORCES