ИНТЕРВЈУ СО ПОБЕДНИКОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ШТИТ И ПОДЕЛБА(ЗАВРШЕНО)

Day 2,095, 06:58 Published in North Macedonia Mexico by darko888

Турнирот "Национален штит" заврши,првото место го освои Естонија а Македонија го освои 49 место.Како награда за 49 место,Македонија освои Q3 штит со кој кога Македонија ќе се ослободи а притоа да биде нападната од друга држава или против Македонија да биде кренато востание,Македонската држава со помош на штитот ќе надокнади штета од 3 милијарди.Некои државјани велат дека ова е одлична можност против Грција со план првен да се исценира востание против Грција со цел Грците да го искористат нивниот штит,а потоа да се крене друго ослободително востание кое ќе биде и подржано од владата за ослободување на Македонија.

Освен Македонија и македонските државјани добиа награди.Првото место го освои Neodoliva која водеше мртва трка со Scymex но на крај за 3% или за 76 илјади разлика го победи Scymex.Neodoliva за А1 вели дека е воодушевена и горда на тоа како еден релативно млад играч го освоила првото место.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЦЕЛОСНОТО ИНТЕРВЈУ СО NEODOLIVA:
1.Која е Neodoliva?
Се викам Тања и од Скопје сум , инаку 23 годишен апсолвент на Економски факултет и се надевам наскоро дипломиран економист. Исто така горд волонтер и активист за заштита на животните, моментално слободен стрелец а (в)Лав во хороскоп.
2.Од каде дозна за Ерепублик?
Веднаш да кажам дека ова не ми е прв профил, на играва прв пат се регистриравме со брат ми заедно и тоа некаде при крај на 2010 преку бејби бумот организиран од сарметина.Јас набргу се откажав после неколку месеци играње додека брат ми го играше профилот до пред некое време кога му здосади и го даде на друг играч (и сега многу се кае за тоа бидејќи не може да си го врати) Морам да признаам дека тој ми е најголем ментор во играва и од него ги научив сите трикови, а од време на време ми помага и финансиски.
3.Како стигнавте до првото место на National Shield?
Не е тајна дека со помош на собрана зимница од овие 4 месеци додека го играм овој профил. Искрено отпрвин не ми беше цел да победам на овој натпревар, почнав да се тепам во герила и така само да собирам штета но кога излегов во водство веќе третиот ден и се одвоив во група со уште двајца наши познати тенкови, решив да се пробам малце со големите во натпревар, а секако штетата што ја правев гледав да оди или за Македонија или за некоја од сојузничките битки кои беа приоритет.
Е сега признавам мана ми е што не можам да одолеам ако видам некаде лесен БХ медал, ете оттаму е потеклото на името на овој мој профил.
4.Како победник на National Shield може ли да ни кажете кој е вашиот предлог за излез од моменталната состојба на Македонија?
Со оглед на тоа дека е лето, нормално е што имаме намалена активност на нашите играчи и со самото тоа помали шанси за некое брзо решение за излез од моменталнава ситуација. Плус ако го додадеме односот на силите помеѓу двата сојуза, јасно е дека само со добра координација може да се направи нешто значајно, сведоци сме на тоа со ослободувањето на Бугарија, Мексико. Имаме добар тим на чело на државата и целосно им верувам во стратегијата што ја подготвуваат за наше скорешно ослободување па затоа нема многу што да додавам, едноставно ќе ги почекаме нивните насоки и се надевам поголемиот дел од нашите играчи ќе ги следат.
5.Која е причинита да сте член на Macedonian Military Unit Lynx а не во Mакедонската Армија или во некоја друга воена единица(Дали во MMUL се вашите пријатели,подобри услови....)
Бев член на македонската армија за време на натпреварот на воените единици, а потоа едноставно решив да ја прифатам поканата на командирот на Macedonian Military Unit Lynx, кој беше искрен и вети многу забава и собиранки помеѓу членовите што ми е битно во играва бидејќи рефунд во тенкови мене не ми е приоритет при бирање на воена единица.
6.Kакво е чувството да си на првото место од National Shield?
Мислиш какво е чуството да го прцнеш нашиот најпознат тенк? 🙂
Супер е чуството особено за релативно нов играч како мене, се надевам само дека овој личен мој успех наскоро ќе го преточам во национален успех со самото наше ослободување од оваа окупација.
7.Музика,филм,хоби?
Пасиониран љубител сум на џез, хоби ми се фотографија и сликарство, а омилени филмови ми се сите во кои глуми Кевин Спејси.
8.Кое е вашето мото?
не мора секогаш да си прв во се, но гледај барем да бидеш пред вториот.
9.И за крај што би му порачале на македонските читателите?
Сакам да ја искористам оваа прилика бидејќи се спрема ослободително востание, а гледам дека доста од играчите се потрошија па решив да направам една поделба на тенкови по повод освоеното прво место на натпреварот.


ПО ПОВОД ОСВОЈУВАЊЕТО НА ПРВОТО МЕСТО,NEODOLIVA СПРОВЕДУВА ГОЛЕМА ДОНАЦИЈА ОД 15 Q7 ТЕНКОВИ ЗА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЧНО ПОД УСЛОВ:
1.Да ја гласаат оваа статија,да се претплатат на А1 erepublik и бројот на глас и претплата да го остават во коментар.
2.Да имаат слика на профилот.
Да имаат повеќе од 15 пријатели.
Да имаат барем еден медал Супер Војник.
3.Играчот треба да има македонско државјанство или да има државјанство на држава која има вклучено сојуз со Македонија.

ПОДЕЛБАТА Е ЗАВРШЕНА