Можеме повеќе !

Day 2,092, 06:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Dani branitel

Поздрав Македонци !
Денешнава статија ја пишувам по повод на вчерашната битка против грците која за жал ја изгубибме но има многу работи што се позитивни и негативни ..Како прво еПретседателот Персеј и уште неколкумина пишуваа по шаути дека треба да се пука само ФФ , а зимницата да се чува за востанието за пред конгрес и тоа да биде успешно..Првите минибитки беше и така , се пукаше само ФФ , немаше тенкање и како и вообичаено си губевме...Но потоа што се случи ,се пуштам сабајле на ереп и што да видам , сите напалени , имаме шанси за победа , резултатот беше 71:81 така нешто , си пукам јас нормално фф и фрлив некоја бомба пошто траат до ден 2,093 ,беше тесно но сепак изгубивме и излупавме доста штета..Она што ме да кажам разочара е како што споменав во последната статија пак нашата тврдоглавост , едноглавост , секој игра по свое , никој не го грижа што официјалниот став на целата влада е исклучително да се пука само фф и да се фрлат бомбите што траат до ден 2,093..Но што е тука е ...

Позитивното нешто е што после толку долго време во играта пак почувствував некоја возбуда , како во старите денови кога се боревме со Бугарија и Грција , се тресев целиот и радосно ги гледав аватарите што пукаат од наша страна.Друго нешто е што сами , со многу мала помош од сојузниците им париравме на грците , со целосна неорганизираност , многумина и незнаеа дека ова може да биде тоа ослободително востание но најмногу од се покажавме заби , покажавме дека сеуште сме тука , не сме мртви и можеме да се ослободиме .Мислам дека доста играчи се испукаа заради турниров и тоа е разбирливо секој сака да си земе награда,но сепак има многу играчи што ја зачуваа зимницата или добија голем број ЕБ од турниров затоа нема за што да жалиме...Се надевам и сум голем оптимист дека наредното востание , кое ќе биде далеку поорганизирано ќе биде одлучувачкото и после толку време да се ослободиме од непријателот и да се донесе радост кај играчите , морал и желба за игра..Пошто вака под окупација , умираме , нема напади нема стратегии , црна окупација и ништо друго ..Поздрав и апелирам на следното востание сите да следиме наредби и достоинствено да се избориме за слобода ! Персеј продолжи со напорната работа и не се откажувај заради некои идиоти !!!
еМАКЕДОНИЈО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ !




Dani branitel
Mакедонија за македонците